Извештај за проценка на корупцијата во Македонија 2018 г. - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Извештај за проценка на корупцијата во Македонија 2018 г. PDF Печати Е-пошта

Автор: Емина Нурединоска, Снежана Камиловска Трповска, Наташа Иваноска, Миша Поповиќ
Дата: март 2018
ISBN: 
PDF MK:  izveshtaj-za-procenka-na-korupcijata-vo-Makedonija-2018-g.pdf
PDF EN:  corruption-assessment-report-of-macedonia-2018.pdf
Conclusions:  conclusions-of-corruption-assessment-report.pdf
Shoqeror: korrupsioni-si-nje-problem-shoqeror.pdf

izvestaj za procenka na korupcijata vo makedonija 2018Извештајот за процена на корупцијата претставува преглед на состојбата и динамиката на корупцијата во Република Македонија. Основата на овој извештај е Системот за следење на корупцијата (ССК) развиен од Центарот за изучување на демократијата (ЦИД) од Бугарија. ССК се заснова на различни извори на информации и ги комбинира квантитативните и квалитативните методи за следење и процена на корупцијата. Обединетите нации (ОН) го имаат признаено ССК како систем со најдобри практики за следење на корупцијата на национално ниво и е во согласност со пристапот за виктимизација на ОН за мерење на нивото на административна корупција.

Во овој извештај содржан е основниот сегмент на ССК, односно анализирани се податоците од анкетата со населението за перцепцијата и искуството со корупцијата во 2017 г., и за одредени прашања споредувани со секундарни податоци. Со ваквата анализа се дава одговор за нивото на корупција во Македонија. Преку седум индекси е презентирано актуелното искуство на граѓаните со корупцијата, за нивните ставови за корупцијата и за перцепциите за корупцијата. Во извештајот може да се најде одговор за повеќе прашања како што се: кои фактори влијаат на корупцијата,  колкав е коруптивниот притисок, вклученоста во корупција, како и степенот на отпор кон корупција од страна на граѓаните. Потоа содржани се податоци за свесноста на јавноста за корупцијата и за прифатливост и подложност на корупција. На крај во извештајот се дава и преглед на перцепцијата на граѓаните за распорстранетоста на корупцијата по сектори и професии, како и на перспективите и можностите за намалување и сузбивање на корупцијата. 

МЦМС го подготви Извештајот за процена на корупцијата во Македонија и ја издаде оваа публикација како дел од проектот „Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата“, поддржан од Британската амбасада во Скопје.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации