Борба против дискриминацијата - прирачник за обука - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Борба против дискриминацијата - прирачник за обука PDF Печати Е-пошта

Дата: 2009 година
ISBN: 978-9989-102-94-3
PDF:
  borba-protiv-diskriminacijata.pdf

Борба против дискриминацијата - прирачник за обукаМЦМС и преведе и издаде овој прирачник за обука наречен „Борба против дискриминацијата“.

Оваа алатка за обука беше развиена како дел од проектот „Градење на капацитете на граѓанското општество за справување со дискриминацијата”, финансиран од Европската Унија, а со цел обезбедување на обука за европските и националните антидискриминаторски закони и политики на граѓанските организации од 10-те земји членки кои се приклучија кон Европската Унија
на 1 мај 2004 г., како и граѓанските организации од Бугарија, Романија и Турција.

Граѓанските организации имаат клучна улога во напорите да се разбере антидискриминаторската легислатива и да се примени во пракса. Тие се од големо значење кога зборуваат во име на оние кои ги бранат и оние кои ги застапуваат како и во однос на подигнување на свеста на жртвите и потенцијалните жртви од дискриминацијата кои најчесто не се ни свесни за своите права, а истото се однесува на општата јавност.

Прирачникот се користеше од страна на национални обучувачи кои спроведуваа семинари за обука на национално ниво во секоја од вклучените страни. Учесниците беа од најразлични граѓански организации и здруженија и ги покриваа сите основи за дискриминација, расна и етничка (вклучувајќи го и ромското население), религија или верување, возраст, хендикеп и сексуална ориентација.

Основната цел на овој проект (ноември 2004 – октомври 2005) беше да се изгради капацитет во граѓанското општество со подобрување на знаењата на граѓанските организации за двете антидискриминаторски директиви на Европската Унија (2000/43/ЕС и 2000/78/ЕС) и релевантните национални закони и политики во оваа област. Граѓанските организации беа обучени за да станат клучен посредувач со властите и да им помогнат на жртвите од дискриминација.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата историја Борба против дискриминацијата - прирачник за обука