Директно буџетско финансирање за граѓанските организации: основен преглед |
Автор: Симона Огненовска Документот за јавни политики „Директно буџетско финансирање за граѓанските организации: основен преглед“ има за цел да даде придонес кон подобрување на расположливоста на податоците и преглед на практиките на директно буџетско финансирање на граѓанските организации во Македонија. Документот е продолжување на досегашните напори на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) да придонесе кон одржливоста на граѓанските организации како клучен елемент во градењето на вкоренето и динамично граѓанско општество, кое активно влијае на јавните политики. МЦМС е една од неколкуте организации кои го промовираат и следат прашањето на државното финансирање за граѓанските организации во последните 20 години. Во Македонија, финансирањето на ГО преку директна буџетска поддршка постои, меѓутоа за да дојдеме до одговорот зошто не претставува значителен извор на одржливост и зошто е потребно негово реформирање, пред сѐ потребно е да ги согледаме нивото на отвореност и расположливост на податоците, политиките за поддршка и спроведување на процесот на директно буџетско финансирање на граѓанските организации преку клучните органи на државната управа во практика. Документот за јавни политики се состои од три дела. Во првиот дел е потенцирана важноста на финансиската поддршка за граѓанските организации од страна на државата, понатаму вториот дел ја разгледува правната рамка, како и постоечкиот модел на распределба на директните буџетски средства од страна на државата до граѓанските организации. Во последниот дел, се анализира директното буџетско финансирање за граѓанските организации, единствено преку ставката 463-Трансфери до невладини организации, преку која секоја година се предвидуваат и распределуваат средства од буџетот до граѓанските организации. Оваа анализа не ги опфаќа другите видови поддршка коишто се обезбедуваат од државата за граѓанските организации, како што се: средства наменети за ГО на локално ниво, децентрализирани ЕУ средства (управувани од пр. ЦФЦД), даночните олеснувања, поттикнувањето на филантропијата и волонтерството и сл. Наоди од анализата на достапните податоци се следните:
Документот за јавни политики е дел од активностите кои се спроведуваат во рамките на проектот „Аквис (Acquis) на Балканското граѓанско општество - Јакнење на потенцијалот и капацитетите на ГО за застапување и лобирање“, финансиран од Европската комисија и спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА).
|