Извештај за проценка на корупцијата во Македонија |
Автор: Емина Нурединоска, Марија Саздевски, Борјан Ѓузелов, Миша Поповиќ Извештајот за процена на корупцијата претставува преглед на состојбата и динамиката на корупцијата во Република Македонија. Основата на овој извештај е Системот за следење на корупцијата (ССК) развиен од Центарот за изучување на демократијата (ЦИД) од Бугарија. ССК се заснова на различни извори на информации и ги комбинира квантитативните и квалитативните методи за следење и процена на корупцијата. Обединетите нации (ОН) го имаат признаено ССК како систем со најдобри практики за следење на корупцијата на национално ниво и е во согласност со пристапот за виктимизација на ОН за мерење на нивото на административна корупција. Во овој извештај содржан е основниот сегмент на ССК, односно анализирани се податоците од анкетата со населението и за одредени прашања споредувани со секундарни податоци. Со ваквата анализа се дава одговор за нивото на корупција во Македонија. Преку седум индекси е презентирано актуелното искуство на граѓаните со корупцијата, за нивните ставови за корупцијата и за перцепциите за корупцијата.
|