Подготовка за развојна помош |
МЦМС е посветен на прашањето на развојна помош и потребата од зајакнато и активно граѓанско општество и клучните чинители во процесите на воспоставување на стратешки пристап и политики. Во соработка со ТРИАЛОГ, МЦМС од 2006 година работи на вмрежување на организациите, информирање и јакнење на капацитетите, како и регионална вклученост за развојна помош. Отсуството на активности на граѓанските организации за развојна помош во Македонија од 2011 г. наваму е пред се резултат на стагнацијата на процесот на пристапување кон Европската Унија (ЕУ). Ваквата состојба е тесно врзана со недостигот од стратешки пристап на земјата кон развојната помош, усогласување на законодавството и координација меѓу различните чинители, меѓу кои и граѓанските организации. Релативно овозможувачката околина во која делуваат граѓанските организации во Македонија, предизвикот на одржливоста и недоволниот интерес на донаторите за активности за развојна помош, влијае на нискиот ангажман на организациите за овие прашања. Потребата за актуализација на прашањето на развојна помош и зајакнување на улогата на граѓанските организации е очигледна имајќи го предвид бегалскиот бран кој ја зафати и Македонија, како и потребата од заеднички придонес кон Глобалните цели за одржлив развој на Обединетите нации. Проектот „Подготовка за развојна помош“ е регионален проект во кој се вклучени 12 организации. За активностите кои се дел од овој проект е одговорен МЦМС и истите (со исклучок на активност 7) се однесуваат за Македонија и ќе се спроведат во Македонија. Општа цел на проектот e јакнење на граѓанското општество во државите од Западен Балкан како и нивната вклученост во глобалните напорите за намалување на сиромаштијата и владеење на правото. Цел на проектот е мобилизирање и поддршка на граѓанските организации за заедничко работење кон зајакнување на свеста во државите кандидати за влез во Европска Унија, како и за потребите од образование за развојна помош и вклученост за меѓународната развојна агенда. Очекувани резултати од проектот се:
Активности преку кои ќе се остварат резултати на проектот се:
Периодот на спроведување на проектот е од 1 јануари 2016 година до 30 ноември 2017 година. Вкупниот буџет изнесува 1.026.400 МКД.
|