Истражување на јавното мислење за граѓанските организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Истражување на јавното мислење за граѓанските организации PDF Печати Е-пошта

Успехот на работата на граѓанските организации значително зависи и од информираноста и заинтересираноста на пошироката јавност во целата земја, односно од јавното мислење. Особено што граѓанските организации ги застапуваат интересите на граѓаните.

Потоа, граѓанските организации влијаат врз многу елементи на општеството што бара и поширока поддршка и признание од сите сектори во него.

igo101-copyОпшта цел на проектот беше да креира овозможувачка околина и поддршка за понатамошен развој на граѓанското општество во Македонија. Цел на проектот беше да се испита довербата на граѓаните во граѓанските организации и актерите во граѓанските организации.

Целна група на проектот беа граѓаните на Република Македонија. Директни корисници беа 6000 граѓански организации во Република Македонија и други актери од граѓанското општество. Целно подрачје беше Република Македонија. Проектот се реализираше во Скопје, додека дел од активностите се спроведоа низ целата земја.

Постигнат резултат на проектот се добиени податоци за довербата на граѓаните во граѓанското општество, односно: колку се информирани граѓаните за граѓанското општество; како граѓаните го перципираат граѓанското општество и нивната улога во нив; и колку граѓаните веруваат дека организациите од граѓанското општество ги застапуваат нивните интереси.

За реализација на проектот се спроведоа следните активности:

а) Опис на надлежности на истражувањето
На крајот од август и почетокот на септември 2008 година работната група го разгледа описот на надлежностите од истражувањето направено од страна на МЦМС во 2007 година и направи измени и дополнувања на прашалникот во согласност со потребите на Индексот на граѓанското општество-Цивикус.

б) Испитување на довербата во граѓанското општество
Испитувањето се направи преку усна анкета на национален репрезентативен примерок од 1600 испитаници. За спроведување на усната анкета МЦМС го ангажира Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ).

в) Извештај за довербата во граѓанското општество
Наодите од истражувањето со нивна анализа беа публикувани во електронска форма во 4 дела. Првите два дела (општа доверба и доверба во институциите и толеранција) беа објавен во ноември о.г., додека останатите делови (доверба во црквите и верските заедници и довербата, познавање и ставови за граѓанските организации) беа објавени во декември о.г. преку соопштенија за јавност.

За последниот дел беше организирана и презентација и расправа за наодите. Целосниот извештај на македонски, албански и англиски јазик се објави во електронска верзија на веб-сајтот на МЦМС и на 400 компакт дискови.

Планираниот период на спроведување беше 1 јули – 30 декември 2008 година, но активностите се спроведоа пред рокот, односно до 15.12.2008 г.

Претпоставки која влијаеја кон постигнување на проектните резултати и се реализираа беа: јавноста беше заинтересирана за учество во анкетата за довербата во граѓанското општество; и граѓанските организации беа подготвени да се соочат со јавното мислење за граѓанското општество.

Информации за проектот се доставија до сите членки на ГПМ, како и до останатите клучни чинители во земјата и странство. Координацијата се одвиваше по електронски пат, како и по телефон и со писмено известување, согласно начинот на комуникација со различните актери. По објавувањето на делот од извештајот од истражувањето за довербата во граѓанското општество се организираше промотивен настан. На настанот ќе учествуваа националните и локалните електронски и печатени медиуми, Одделението за соработка со НВО при Владата на РМ, како и релевантни службеници од други институции. За останатите делови од истражувачкиот извештај кои се однесуваа на општата доверба и довербата во институциите, толеранцијата и довербата во црквите и верските заедници беа испратени соопштенија за јавноста, кои се најдоа во повеќе електронски и печатени медиуми, а за некои беа побарани и изјави од авторите.

МЦМС беше одговорен за спроведување на проектот.

Можен ризик, кој се реализираше беше зафатеноста на вклучените страни во проектот со други веќе преземени обврски да влијае на одложување на спроведувањето на анкетата да се спроведе наместо во првата половина на јули, во октомври 2008 г. Ова доведе до одложување на обработката на податоците, што пак влијаеше на понатамошните активности. Ризикот граѓанските организации да не бидат подготвени финансиски да учествуваат во истражувањето, се оствари делумно, односно од 24 повикани организации, позитивно одговорија 5 т.е. 20 %. Ризик планираните човечки ресурси за анализата на наодите да не можат навремено да учествуваат во проектот не се реализираше, заради навременото планирање и известување на релевантните соработници.

Проектот е финансиран од Службата за црковен развој (ЕЕД) и дел од вклучените организации во истражувањето.

Буџетот изнесува  628.092 денари.

Извршно резиме од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата историја Истражување на јавното мислење за граѓанските организации