Валентина Чичева - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Валентина Чичева PDF Печати Е-пошта

Валентина ЧичеваВалентина Чичева, Координатор на програми
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
+ 389 2 3088 984

Родена е на 28.02.1969 г. во Скопје. Во 1993 г. дипломира на Технолошко-металуршкиот факултет, а во 2008 г. магистрира на Економскиот институт отсек Финансиски менаџмент при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Во МЦМС работи од 1994 година во Административно финасиското одделение, а од 2000 година таа е соработник на проекти и консултант/обучувач во програмите: Јакнење на невладините организации 2000-2003, Јакнење на стратешките граѓански организации 2003-2006 и Применето образование за млади Роми 2006-2008. Сертифициран модератор е во Програмата Форуми во заедниците 2008-2013, координатор на програмата Пристап на Ромите до фондови 2011-2016, сениор консултант во Ресурсниот центар на ТАКСО 2014-2017 и Национален проектен координатор во Програмата Цивика мобилитас  2014-2018.

Нејзината експертиза на обука и консултантство е во областите: Раководење со проектен циклус; Индикатори, Институционален развој и организациско јакнење, Стратешко планирање, Раководење со човечки ресурси,  Обука за обучувачи, Вештини за фасилитација; Презентациски и комуникациски вештини, Застапување и лобирање, Деловна комуникација и Административно работење.

Нејзиното искуство во менаџирање на грантови и обука/консултантство е со различни конституенти: граѓански организации, локална самоуправа, јавни и државни институции и бизнис сектор.

LinkedInhttp://mk.linkedin.com/in/valentinachicheva/

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата историја Валентина Чичева