Барометар за еднакви можности |
Автори: Јасмина Михаиловска; Миша Поповиќ Во овој извештај се анализирани наодите од анкетата „Барометар за еднакви можности“, која беше спроведена по втор пат на национален репрезентативен примерок на граѓаните на Македонија. Целта на истражувањето беше да се испита перцепцијата на граѓаните. МЦМС ѝ ја довери анкетата на јавното мислење, врз којашто се базира овој извештај, на истражувачката куќа М-проспект, чија одговорност беше и методолошката исправност на анкетата. Истражувањето е спроведено со телефонска анкета во домаќинствата во септември 2013 година на репрезентативен примерок од 1.600 испитаници.
|