Тетјана Лазаревска |
Тетјана Лазаревска, Раководител Тетјана Лазаревска е родена на 19 мај 1961 година во Тетово. По професија е дипломиран економист. По завршувањето на студиите, до 1997 година работи во Младинскиот совет на Македонија. Во истиот период е косопственик на македонско-холандска компанија и овластен сметководител на повеќе македонски компании. Во МЦМС работи од 1997 г., а од 1998 година е дел од тимот кој работи на воспоставување и раководење со МРФП. Од октомври 2008 година именувана е за извршен директор на МРФП. Основач е и член на неколку домашни меѓународни граѓански организации. Претседател е на Управниот одбор на Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“, член на Надзорен одбор на Штедилница „Можности“, на Надзорниот одбор на финансиско друштво „Фактор труст“ и др. http://mk.linkedin.com/in/tetjanalazarevska
|