Форуми во заедниците Аеродром, Берово, Радовиш и Конче - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Форуми во заедниците Аеродром, Берово, Радовиш и Конче - извршно резиме PDF Печати Е-пошта

Законот за локална самоуправа го дефинира “непосредното учество на граѓаните” како поединечно или колективно вклучување на жителите на општината во одлучување за работи од локално значење во различните нивоа на одлучување (член 2).

Форуми во заедниците Аеродром, Берово, Радовиш и КончеВо Македонија сеуште постои пракса на пасивност за граѓанското учество на локално ниво. Граѓаните се воздржани кога станува збор за недостатоците, за недоволниот број или нискиот квалитет на јавните услуги, за непочитување на уставните права и тие многу малку учествуваат во развојот и дефинирањето на јавната политика. Уште повеќе, не е вообичаено јавните институции да ги консултираат или да ги вклучат граѓаните или граѓанските организации во креирањето на политиката .

Јавните дискусии за состојбите и потребите на граѓаните на локално ниво се основа за развој и афирмација на граѓанското учество и начин на практикување на партиципативно и отчетно добро владеење на локалната самоуправа.

Општа цел на проектот е подобрени услуги за граѓаните во заедниците преку зголемена одговорност на институциите, граѓанските организации и граѓаните.

Цел на проектот е воспоставување на партиципативни пристапи во заедниците.

Целна група на проектот се граѓаните од општина Аеродром (Скопје), Берово и општините Радовиш и Конче.

Целното подрачје ја опфаќа територијата на општините Аеродром (Скопје), Берово и општините Радовиш и Конче.

Очекувани резултати на проектот се: Развиени вештини и ставови на граѓаните и ЕЛС за активно учество на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво, и спроведени проекти избрани на форумите.

Активностите преку кои ќе се постигнат горенаведените резултати се: Одржување на форумски дискусии, Обука за проектно планирање, Обука за формулација на проекти, Обука за подготовка на буџети, и Финансирање и набљудување на спроведувањето на проектите избрани на форумите.

Основната претпоставка за реализирање на целите во рамките на проектот е транспарентно и отчетно работење на локалните самоуправи, стекантите знаења и вештини од форумскиот процес да најдат практична примена во системите и процедурите на локалните самоуправи и да бидат искористени на најдобар можен начин во подобрување на функционирањето на ЛС.

МЦМС има одговорност за управување на проектот, а заедно со Аеродром (Скопје), Берово и општините Радовиш и Конче.имаат одговорност за негово спроведување.

За остварување на целите на проектот можни ризици се: немотивираноста на граѓаните масовно/во доволен број континуирано да присуствуваат на форумскиот процес. Исто така, небалансирано родово, етничко и старосно учество исто така може да биде ризик за неопфат на дел од интересните страни. Капацитетите на локалната самоуправа и локалните партнери посебно во процесот на реализацијата на избраните проекти на форумот ќе биде значаен влијателен фактор за успешноста, навременста и квалитетот на изведбата на проектите.

Временскиот период на спроведување е од 01 септември 2009 до 30 ноември 2010 год.

Финансискиот план на проектот изнесува 25.198.314  МКД.

МЦМС обезбедува 16.998.314 МКД (директни трошоци) средства кои се донација на СДЦ од Швајцарија

Останатите средства се сопствено директно учество на: Општина Аeродром (Скопје) во износ од 2.000.000 МКД, Општина Берово во износ од 2.000.000 МКД и општините Радовиш и Конче во износ од 2.000.000 МКД, партнерите на селектирани проекти во о. Аеродром  во износ од 600.000 МКД , и партнерите на селектирани проекти во о. Берово во износ од 800.000 МКД и партнерите на селектирани проекти во о. Радовиш/Конче во износ од 800.000 МКД.

Завршен извештај од проектот

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата историја Форуми во заедниците Аеродром, Берово, Радовиш и Конче - извршно резиме