Ниска општа доверба и поделена доверба во граѓанските организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ниска општа доверба и поделена доверба во граѓанските организации PDF Печати Е-пошта
Среда, 10 октомври 2007 13:41

[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка денес, (10 октомври 2007 година) го промовираше извештајот од истражувањето „Довербата во граѓанското општество“. Ова истражување, МЦМС го спроведува по втор пат. Извештајот е резултат на потребата да се провери колкава е довербата на граѓаните во граѓанските организации. Освен довербата во граѓанскиот, со анкетата беше проверена и довербата во другите два сектори, државниот и приватниот (деловниот). Анкетирањето е направено во јули оваа година на репрезентативен примерок од 1601 испитаник.

Истражувањето покажа дека во Македонија е релативно ниска општата доверба (57,3 %) и довербата во институциите (43,1 %). И понатаму е впечатлива поголемата доверба на микро и на локално ниво, наспроти помалата доверба во големите и во националните институции. Владата има битно зголемување на довербата на 44,6 % од 26,6 % во 2006 година.

Во поглед на довербата во граѓанските организации, граѓаните се поделени, односно 45,4 % имаат доверба. Мнозинство на граѓаните во Македонија веруваат дека граѓанските организации се средство со кое вешти поединци доаѓаат до пари и влијание и/или им служат само на интересите на странски држави и на нивните фондации. Ставовите дека граѓанските организации се за остварување на интересите на граѓаните и можност да допре нивното мислење и дејствување до јавноста се во малцинство.

За граѓаните, граѓанските организации се злоупотребувани од политичките партии и зад нив се кријат политички партии, но во малку случаи тоа може да го илустрираат со пример на граѓанска организација зад која се крие политичка партија.

Општото познавање на граѓанските организации е добро. Значително послабо граѓаните ја познаваат работата на граѓанските организации во конкретни области. Најмногу се познати организации кои работат на намалување на сиромаштијата, а најмалку на економски развој. Постои сооднос на познавањето на граѓанските организации со нивниот профил, нивото на нивните активности и нивната експонираност во јавноста. Јавноста има позитивно мислење за граѓанските организации.

Извештајот утврди и општа нетолерантност и многу висока нетолеранција кон одредени групи.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Ниска општа доверба и поделена доверба во граѓанските организации