МЦМС на VI годишно собрание на ФЕНС - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС на VI годишно собрание на ФЕНС PDF Печати Е-пошта
Петок, 30 октомври 2009 10:32

Шестото годишно собрание на Федерација на невладини организации на Србија (ФЕНС) се одржа на 17 и 18 октомври 2009 г. во Сава центарот во Белград.

МЦМС на VI годишно собрание на ФЕНС

На Собранието учествува околу 200 претставници на граѓански организации, гости од Владата на Србија - Божидар Гелиќ, потпретседател на Влада за ЕУ и Милан Марковиќ, министер за државна управа и локална самоуправа (МДУЛС) и меѓународните организации со седиште во Белград.

На Годишното собрание се разговараше: за европските и балканските мрежи, за примената на Законот за здруженија и за реформата на ФЕНС.

Сашо Клековски, прв извршен директор на МЦМС, беше воведничар на темата „Европски и балкански мрежи“. Тој се осврна на учеството на МЦМС во националните, регионалните, европските и глобалните мрежи, како и на резултатите и придобивките од тоа.

МЦМС на VI годишно собрание на ФЕНС

Во третиот дел се расправаше за реконструкција на ФЕНС од мрежа во платформа.

Во Србија започнува примената на Законот за здруженија. Ќе се пререгистрираат околу 45.000 организации од МДУЛС во Агенцијата за стопански регистри. Пререгистрацијата ќе се врши во рок од осумнаесет месеци, со изјава за усогласување и ќе биде бесплатна.

Подготвен е Водич за примена на Законот за здруженија, кој е достапен на http://www.gradjanske.org/page/home/sr.html

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести МЦМС на VI годишно собрание на ФЕНС