Градење на капацитети за ЗЕЛС и АДКОМ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Градење на капацитети за ЗЕЛС и АДКОМ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 28 јули 2008 10:50

Децентрализацијата е комплексен процес со крајна цел подобрување на услугите за граѓаните кое ќе води кон подобрување на животниот стандард и е тесно поврзан со напорите за интеграција во Европа.

Модерната локална самоуправа од европски тип бара умешност и компетентно управување во општините. Прифаќањето на новите стандарди и вредности во функционирањето на локалната самоуправа, новата организациска култура, зајакнати капацитети на луѓето во администрацијата преку унапредување на знаењата и вештините е чекор кон ефикасно и ефективно задоволување на потребите и интересите на граѓаните.

Професионализацијата на локалната самоуправа преку стекнување на нови знаења и вештини е императив за успешно спроведување на децентрализацијата и ефикасноста на локалната самоуправа.

Националните и регионалните институции/организации, во тој контекст и  ЗЕЛС и АДКОМ, како механизми за координација, вмрежување, лобирање и застапување на нивните конституенти членки Единиците на локалната самоуправа и Јавните комунални претпријатија имаат суштинска улога за успехот на процесите на децентрализацијата.

Основната улога на двете национални организации е да бидат чекор пред процесите на децентрализација, да ги креираат и да предводат промените на кои се изложени и ги спроведуваат нивните членки.

Зајакнувањето на институционалниот и управувачкиот капацитет на ЗЕЛС и АДКОМ се јавува како еден од поважните фактори во обезбедување долгорочен и одржлив развој на заедниците.

Општа цел на проектот беше подобрени услуги за граѓаните во заедниците.

Цел на проектот беше подготвеност на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и Асоцијацијата на даватели на комунални услуги (АДКОМ) за континуирано практикување на иновативни модели и модернизација.

Целна група на проектот беа членките на ЗЕЛС и АДКОМ: општини, заедници и јавни комунални претпријатија (ЈКП).

ЗЕЛС одржа работилница за структурно техничко градење на капацитети во Охрид на 06-08.10.2007, на која учествуваа 13 члена од стручниот персонал при ЗЕЛС. На работил-ницата се направи обука за: стратегии за лобирање и кампањи, менаџмент за подобри услуги на ЗЕЛС, развој на партнерство со НВО на локално ниво како фактор за спроведување на проекти од локално значење, развој на ПР способности, модел на ИТ помош на општините. Резултати од работилницата се ревизија на Стратешкиот план на ЗЕЛС 2006-2011 и изготвен Акционен план на ЗЕЛС за 2008 год. Втората активност на ЗЕЛС беше учество на Советник координатор за односи со јавноста Весна Арсовска Динковска на Лондонската школа за односи со јавност на МцЦанн-Ерицксон Гроуп од Скопје, во период од 05.11.2007 - 18.12.2007.

Изработката на проект (формулација) за заедничка набавка на возила за сите ЈКП во Македонија имаше за цел да послужи како основа во разговорите на АДКОМ како национален претставник на ЈКП со Министерството за транспорт и врски и други релевантни институции за можностите за поддршка на реализација на планираните набавки.. Беше изготвен и дистрибуиран до сите ЈКП прашалник за прибирање на податоци за состојбите, потребите и приоритетите на ЈКП од механо-опрема. Обработените и анализирани податоци беа основа за работа на дводневна работилница за формулација на проект во Охрид на 08-09.10.2007 во присуство на 19 претставници од ЈКП членки на АДКОМ. На работилницата беше формулирана првична работна верзија на проектот, која потаму на две еднодневни работилници во Скопје од работна група од 5 члена беше доработена во работна верзија на предлог проект. Проектот целосно ќе се доформулира по отстранувањето на правните дилеми за АДКОМ како носител на проектот. Процесот на подготовките и формулацијата на проектот беа консултантски поддржани од Димче Митрески раководител и Миодраг Колиќ соработник на проекти/обучувач од одделението за развој.

Базата на податоци (адресар) на ЈКП во Македонија имаше за цел на едно место да се поместат сите релевантни податоци за ЈКП во Р Македонија. Активноста не е спроведена во целост. Изработен е и дистрибуиран прашалник до сите ЈКП и обработени се податоците од пристигнатите одговорени прашалници. Прибирањето на сите одговорени прашалници, целосната обработка и анализите на податоците и нивното публикување ќе биде направено од страна на АДКОМ на почетокот на 2008 година. Причина за нецелосната реализација на активноста е потребното повеќе време од планираното за спроведување на консултациите во комисиите и Управниот одбор на АДКОМ како и консултациите на АДКОМ со други релевантни актери (Светска Банка и РЕЦ) за подготовка на потемелна анализа и вклучување дополнителни прашања во прашалникот.

Временскиот период на спроведување на проектот беше 27 август-27 декември 2007г.

Директните расходи на проектот изнесуваат 380,287.00 МКД. Сите средства се обезбедени од ЕЕД од Германија (www.eed.de).

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Градење на капацитети за ЗЕЛС и АДКОМ