Добро владеење - управување - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Добро владеење - управување PDF Печати Е-пошта
Недела, 10 Февруари 2008 13:32

Добро владеење - управувањеУправувањето е концепт кој главно се однесува на начинот на кој се добива, пренесува и се практикува моќта за донесување одлуки во рамките на едно општество или организација.

Според западните политички теоретичари, „доброто управување” претставува споделување на овластувањето за донесување одлуки, така што моќта и ресурсите нема да бидат акумулирани во рацете на поединец или група.

Во јавниот сектор, доброто управување се базира на систем на проверки и баланси меѓу различните гранки на власта (законодавната, извршната, судската). Се смета дека тоа вклучува и процес на редовна консултација меѓу владините органи и општата јавност, така што властите одговараат пред граѓаните за нивната доверба и гарантираат дека им служат на нивните интереси.

Во граѓанските организации, доброто управување главно функционира на истиот начин. Една организација практикува добро управување кога има внатрешен систем на проверки и баланси што гарантира дека таа му служи на општиот јавен интерес. Доброто управување во граѓанските организации се базира на разграничувањето на организациските структури (раководењето и телото за управување) и распределувањето на моќта за донесување одлуки меѓу нив. Овој аранжман помага да се ограничи и да се регулира контролата на секое едно лице или група, да се гарантира дека ресурсите на организацијата ќе бидат раководени на добар начин и да се заштити ориентацијата на НВО да í служи на јавноста.

Содржина

  • Принципи за добро владеење;
  • Отчетност и легитимност;
  • Организациска структура;
  • Одвоеност на извршно со не -извршни функции;
  • Улоги на управни одбори;
  • Конфликт на интереси;
  • Етички кодекс.
 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Добро владеење - управување