Техничка документација за санитација во општина Долнени - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Техничка документација за санитација во општина Долнени PDF Печати Е-пошта
Четврток, 07 Февруари 2008 14:43

Во периодот од 2001 до 2004 година, МЦМС финансиски ја поддржа изградбата на водовод во селата Пешталево и Секирици, општина Долнени, каде што системите одлично функционираат, а ЈКП Долнени е одговорно за одржување на истите. Меѓутоа, сето ова предизвика потреба од организирано одведување на фекалните отпадни води кои уште повеќе се зголемија после изградбата на водоводите.

lrz101Општа цел на проектот беше подобрени услуги за граѓаните во руралните заедници.

Целта на проектот беше подготовка за подобрување на санитарните услови во селата Пешталево и Секирци, општина Долнени. Со проектот реализирани беа предпроектни активности кои во понатамошната фаза ќе создадат можности за решавање на проблемот со одведување на отпадните фекални води.

Очекуван резултат на проектот беше изготвена техничка документација за изградба на канализација со сите потребни одобренија и согласности.

Сето ова треба да овозможи рурален развој, посебно во маргинализираните заедници.

Целна група на проектот беа рурални заедници. Директни корисници се жителите од селата Пешталево и Костиници, општина Долнени. Според податоците од последниот попис од 2002 година, во двете села вкупно живеат 587 жители од кои: 66,10% Македонци, 24,50 % Албанци, 7,50% Турци, 2 % Бошњаци и 1 % друго. Покрај нив, директен корисник на проектот е и Јавното комунално претпријатие од Долнени.

Целното подрачје на проектот е рурално, односно проектот се спроведе во општина Долнени со фокус во селата Пешталево и Секирци. Општина Долнени е една од фокус општините вклучени во програмата ЛРЗ.

Со проектот изработени беа две технички документации (основни проекти) за изградба на канализација во селата Пешталево и Секирци. Истовремено набавен беше алат и опрема за ЈКП Долнени што ќе овозможи поефикасно одржување на објектите.

Во текот на реализацијата на проектот дојде до пролонгирање на времето за изработката на планираната техничка документација заради потребата од изработка на два посебни технички проекти (за секое село посебно), наспроти првичниот план со кој се предвидуваше изработка на еден заеднички проект за двете села. Работите финансирани од МЦМС комплетно беа завршени на 30 септември 2008 година.

Временскиот период на спроведување на проектот беше 27 март–30 ноември 2008 г.

Претпоставка која влијае и придонесува кон остваруавње на општата цел е: општината ги подобрува и другите сегменти од своите надлежности за подобрување на услугите за населението. Претпоставка на ниво на резултат е да има достапни проектантски фирми кои ќе одговорат на потребите за проектирање на фекална канализација со потребниот тип на пречистителна станица.

Соработката со донаторот ДЦА и партнерите општина Долнени и ЈКП Долнени беше одлична и дава можност за понатамошно продолжување на започнатата иницијатива.

Сите постапки и процедури за реализација на проектот ги спроведе ЈКП Долнени, во консултации со МЦМС и претставниците на МЗ с.Пешталево и с.Костинци.

Информации за проектот беа доставени до јавноста преку информативните изданија на МЦМС и самата општина.

Во текот на спроведување на проектот МЦМС вршеше мониторинг и набљудување на проектните активности. Известувањето до донаторот беше тековно и завршно после комплетирање на сите предвидени активности.

Директните трошоците на проектот изнесуваат 612.000,00 МКД. Сите средства се донација на ДЦА од Данска (www.danchurchaid.org).

Извршно резиме од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Техничка документација за санитација во општина Долнени