Трета форумска сесија во Ресен - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Трета форумска сесија во Ресен PDF Печати Е-пошта
Четврток, 29 јануари 2009 13:19

Околу 70-тина ресенчани учествуваа на третата форумска сесија во рамките на Програмата “Форуми во заедницата“ што се одржа на 27 јануари оваа година.

treta-forumska-sesija-vo-resen

Тие ги проследија презентациите од спроведените истражувања и анализи на четирите проблемски теми од областа на заштитата на животната средина: Загадување од прекумерна употреба на хемиски препарати и фосилни горива; Недоволно развиена еколошка свест на граѓаните во Преспа; Несоодветен третман на цврстиот отпад и отпадните води; и Загрозен воден потенцијал и несоодветно водоснабдување во Преспа.

Од дискусиите беа издвоени повеќе решенија: изнаоѓање на нови извори на вода за пиење, едукација на населението за правилна употреба на водата за пиење, кампања за подигнување на еколошката свест на граѓаните во Преспа, изградба на еколошко-едукативен и спортско-рекреативен центар, обезбедување соодветни садови за отпад, изградба на соодветна депонија за одлагање на цврстиот отпад, изградба на канализациони мрежи и пречистителни станици во селата кои гравитираат кон Преспанското Езеро, итн.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Трета форумска сесија во Ресен