Петок, 12 декември 2008 13:00 |
Од 10 до 12 декември во Маврово се одржа обука за недискриминација за новинари. На поканата до националните и дел од локалните медиуми (пишани и електронски) се одѕваа 11 новинари.

На обуката имаа можност да разговараат за перципирањето на разликите, идентитетите и толеранцијата, стереотипите и предрасудите, дискриминацијата и ранливите групи и се разбира за дискриминацијата во медиумите. Обучувачи беа Мирјана Најчевска и Сафет Балажи од Центарот за човекови права и разрешување конфликти.
|