Комуникациски вештини за наставниците - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Комуникациски вештини за наставниците PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 10 ноември 2008 16:30

Заврши обуката Вештини за комуникација што МЦМС ја спроведе за раководството, наставниците и другиот персонал на Основното училиште „Христијан Карпош“ од Скопје. „Динамична обука, на едноставен јазик, во одлична атмосфера“, беа дел од коментарите на учесниците на обуката.

img_0838

„Сум била на ваква обука веќе еднаш, ама после оваа, сметам дека се што ни било нејасно или недоречено и на претходните семинари сега ни се разјасни“, вели Олгица Бајалџиева, директорка на училиштето Христијан Карпош. „На мојата позиција овие вештини се неопходни за комуникацијата со учениците, родителите, наставниците.“

Иако невообичаено, наставниците сметаат дека не им било тешко да се влезат во улога на ученици. „Ни оставија многу простор, не беа наметливи, не дозволија во ниту еден момент да се почувствуваме како ништо да не знаеме напротив, имаа неверојатна моќ да влечат од нас, па во некои моменти дури и се чудевме, па види ова ние веќе сме го знаеле. Неверојатно убаво се чувствувавме. Она што ми се допадна е што направија динамична обука, беа едноставни во јазикот што посебно го ценам, ми се допадна што направија вежби преку кои ние можевме да го систематизираме наученото, а тие можеа да видат дали беа добри предавачи. Направија одлична атмосфера и морам да кажам дека ми е жал што денес завршуваме, никогаш не ми се случило така брзо да ми помине времето на обука“, вели Оливера Павловска, наставничка во оделенска настава.

Освен што ќе го искористат знаењето во својата работа, во првата прилика ќе го споделат со своите колеги заедно со идеите за подобрување на работниот процес кои, велат, им се родиле на самата обука.

Обуката ја спроведоа Сунчица Саздовска и Валентина Чичева, обучувачи на МЦМС.

МЦМС е акредитирана организација од страна на Министерството за образование и наука за испорака на обуки за наставници. Целта на обуките е унапредување на квалитетот на наставата и зголемување на учеството во наставата во училиштата.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Комуникациски вештини за наставниците