Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето PDF Печати Е-пошта
Петок, 09 мај 2025 10:05

Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата zoom.

Работилницата започна со дискусии за разбирање на вредностите на волонтерството, низ кои учесниците на оваа работилница истакнаа дека е важно да се волонтира, дека тоа е добро да се направи и за другите и за самиот себеси, затоа што човек така се чувстува како дел од заедницата и дека прави нешто добро за неа.

11 MCMS

 Во текот на овие два дена учесниците го зголемија своето знаење за циклусот на ефективен волонтерски менаџмент во граѓанските организации, законска рамка за развој на волонтерството, правилникот за начинот на водење на евиденција на волонтерската работа, волонтерска книшка, постапка и потребни документи за ангажирање на волонтери странци, програма за волонтирање и опис на волонтерска позиција како и стратешките цели на Националната стратегија за промоција и развој на волонтерство 2021-2025. Исто така, учесниците поделени во виртуелни групи практично работеа на изготвување на програма за волонтирање и опис на волонтерска позиција.

Дел од учесниците го изразија своето задоволство од знаењата стекнати на оваа работилница, и користа од практичните вежби кои беа спроведени во текот на работилницата.

Обуката за волонтерство и развивање програма за волонтирање беше од посебно значење за нашата организација и се стекнавме со нови знаења клучни за работата на организацијата. Вежбите спроведени на истата ќе ни бидат од корист при регрутирање на нови волонтери и нивно менаџирање.  Благодарни сме што имаме можност да бидеме дел од оваа обука и стекнатите знаења да ги имплементираме во пракса“ истакнаБојана Младеновска од Здружение за креирање функционален систем КОРЕКТОР- Скопје.

Некои од учесниците, покрај знаењата стекнати за време на работилницата, како корисни ги оценија и последователните менторски сесии, планирани по завршување на работилницата. 

“Работилницата обезбеди одлични информации и насоки за нас како здружение, преку продлабочено разбирање на волонтерството и разјаснување каква би била неговата стратешка улога во нашето работење. Јасното разграничување на волонтерството од други форми на ангажман и претставувањето на циклусот на волонтерски менаџмент ни дадоа основа за понатамошно надградување на знаењето за развивање одржлива и ефективна волонтерска програма. Дискусијата овозможи поврзување на теоретските концепти со конкретните потреби и предизвици во работата на здружението. Со нетрпение го очекуваме менторството и нашата понатамошна соработка“ рече Наташа Павиќевиќ – Стојменовска, Претседателка на Здружение на социјални работници на Македонија, Скопје.

Многу е загрозена 4

Работилницата придонесе граѓанските организации да го подобрат управувањето со волонтерите во нивните организации како и да го зајакнат нивниот капацитет за поддршка на волонтерите. Развојот на Програма за волонтирање и детален опис на волонтерските позиции се основа за воспоставување на ефикасен волонтерски менаџмент на организациско ниво“ рече Златко Талевски, Регионален експерт од граѓанското општество за Пелагонискиот регион, обучувач на оваа работилница.

Интересот за јакнење на капацитетите од оваа област граѓанските организации го пријавуваа на јавен повик, а пред работилницата имаа задача да го проследат онлајн видеото поставено на ГРЦ академијата:  Обука за волонтерство | Граѓански ресурсен центар По работилницата, со сите заинтересирани граѓански организации ќе се спроведат и менторски активности на оваа тема.

Работилницата беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.


Поврзани:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето