Стратегија и Акциски план за реформи на комуналните претпријатија |
Петок, 03 октомври 2008 01:00 | |||
МЦМС и Светска банка организираа работилница на која околу 100-тина претставници на општините, комуналните претпријатија и другите клучни актери разговараа за проблемите со кои се соочуваат и препораките што ги носи Стратегијата и Акцискиот план. Работилницата на тема Стратегија и Акциски план за реформи во комуналните претпријатија со фокус на водоснабдувањето, канализацијата и управувањето со цврст отпад се одржа на 26 септември 2008 година (петок), со почеток во 11 часот, во хотелот Александар палас. На присутните им се обратија Маркус Репник, постојан претставник на канцеларијата на Светска Банка во Македонија, Снежана Костадиноска – Милошеска, Државен секретар во Министерството за финансии, Кристине Кесидес, Раководител на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), Светска Банка, лидерот на тимот Питер Робинсон, Economic Consulting Associates (ЕЦА) и Димче Митрески, раководител на одделението за развој во МЦМС, МЦМС беше вклучен во изработка на студијата за Стратегијата и Акцискиот план за реформи во комуналните услуги.
|