Вторник, 08 јули 2008 01:00 |
„Премногу сум среќна и задоволна што бев дел од обуката. Работната атмосфера беше одлична се работеше во мала група, сите можеа да учествуваат, обучувачот беше одличен , а и времето беше доволно“- изјави Мина Дуровиќ – помлад соработник во секторот за финансиско работење и човекови ресурси во канцеларијата во Скопје.
Македонскиот центар за меѓународна соработка со подршка на мониторинг канцеларијата на ОБСЕ во Македонија, од 30 јуни до 03 јули 2008 во хотелот Бест Вестерн во Скопје, одржа обука за Раководење со проектен циклус, мониторинг и евалуација. Обуката беше наменета за вработените во канцеларијата на Народниот правобранител и на неа присуствуваа шест учесници.
Целта на обуката беше присутните да се запознаат со фазите на проектниот циклус и раководење со него, да знаат да идентификуваат проблеми, да ги анализираат и да ги претворат во цели (диаграм на проблеми и цели), да ја постават основата на добар проект (логика на интервенција), да бидат свесни за значењето на поставување на добри индикатори и претпоставки и дефинирање на истите и да знаат да алоцираат соодветни ресурси за потребите на нивната интервенција/проект (алоцирање ресурси и креирање буџет).
„Задоволна сум од обуката, убаво е, дружење, ново искуство, интеракција и работа во група. Задоволна сум и поради фактот дека освен теоријата вклучени се и практични вежби“- изјави Јасмина Исмаиловска – помлад референт, Куманово.
Обуката ја спроведе Димче Митрески, раководител на одделение за развој во Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
|