Потребен е поголем фокус на известувањето за постигнувањата на граѓанските организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Потребен е поголем фокус на известувањето за постигнувањата на граѓанските организации PDF Печати Е-пошта
Вторник, 21 мај 2024 10:53

Комуникациите на Цивика мобилитас и на граѓанските организации воопшто беа тема на работилницата што се одржа на 16 мај 2024 година во Скопје.

Смалена 3 MCMS

Вкупно 37 претставници на 32 граѓански организации дискутираа за предизвиците за комуницирање во времето во кое живееме. Големиот прилив на информации кон граѓаните, говорот на омраза, лажните вести, го обременуваат процесот на информирање на граѓанските организации кон нивните целни групи и кон јавноста.

Кропната MCMS

Учесниците се согласија дека едно од најважните прилагодувања што треба да се направи е ставањето фокус на известувањето за постигнувањата, наспроти информациите за активностите. Се разбира, последниве не треба да се исклучат, но клучно е граѓанските организации да известуваат за промените што се случиле благодарение на нивниот ангажман.

Смалена 1 MCMS

Дел од присутните ги споделија своите искуства во комуницирањето со медиумите, за тоа како и зошто треба да се искористи просторот кој може да помогне во нивното понатамошно застапување и влијание на политиките. Учесниците се осврнаа и на говорот на омраза, особено на социјалните мрежи и зборуваа за тоа како ги третираат таквите коментари.

Смалена MCMS

Тимот на Цивика мобилитас ги презентираше каналите за комуникација со кои располагаат, ги понуди како дополнување на нивните и ги поттикна да споделуваат меѓу себе информации, да употребуваат хаштагови и спомнувања (mentions) за да имаа поголем досег (reach). Покрај тоа, зборувајќи за статистиките од посетите, на учесниците им беше препорачано да се обидат подобро да ги разберат комуникациските навики на целните групи и да се прилагодат на нив. Иако, објавувањето на социјалните мрежи е полесно и побрзо, сепак не треба да се занемари објавувањето на веб-страните.

Смалена 2 MCMS

Учесниците се договорија дека ќе го интензивираат меѓусебното комуницирање, а тимот на Цивика мобилитас ќе продолжи да ги поддржува и да го олеснува тој процес.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Потребен е поголем фокус на известувањето за постигнувањата на граѓанските организации