Состојбата на младите во руралните општини е алармантна - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Состојбата на младите во руралните општини е алармантна PDF Печати Е-пошта
Четврток, 28 септември 2023 12:41

Младите и можностите што граѓанските организации ги нудат за нив беа во фокусот на дискусијата за време на посетата на Мобилниот ресурсен центар во Теарце што се одржа на 19 септември 2023 година.

viber image 2023 09 28 10 28 11 428 e1695901097987

„Имајќи предвид дека само 11% од општините во Македонија имаат формирано Младински совети, а дури и таму каде што се формирани општините немаат ангажирано службеници за млади,  можеме да кажеме дека отворањето на младински центри е повеќе од потребно. Оваа состојба е уште поалармантна во руралните општини, бидејќи во овие региони младите воопшто не се на листата на приоритети, па затоа младите не гледаат перспектива во државата“ – изјави Метин Муареми од Центарот за едукација и развој. за време на средбата. Според него, функционирањето на ресурсните центри може да ја подобри социјализацијата, развојот, унапредувањето во кариерата на младите и да го зголеми нивното учество во носење одлуки на локално ниво.

Тимот на Граѓанскиот ресурсен центар сподели информации за услугите што ги обезбедува, а присутните имаа можност да продискутираат за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат во општината.

viber image 2023 09 28 10 28 00 951

Ардонит Исмаили од Центарот за едукација и развој (ЦЕД) ја сподели својата успешна приказна за волонтирање во граѓанска организација и придобивките што тој ги имал во личниот развој. „По речиси четири години јас сум на позиција проектен менаџер во ЦЕД, но и приватно презедов иницијатива да отворам старт-ап бизнис, кој ќе работи во регионот и пошироко. Затоа, им препорачувам на младите луѓе масовно да се приклучуваат на невладините организации, бидејќи преку нив не само што придонесуваат за индивидуалниот туку и за општествениот развој“ рече Ардонит.

Покрај средбата со граѓанските организации, тимот на Граѓанскиот ресурсен центар имаше средба со градоначалникот на општина Теарце, г. Нухи Незири. Градоначалникот ја истакна отвореноста за соработка со граѓанските организации, изјавувајќи дека општината во рамки на својот скромен буџет обезбедува средства за граѓанските организации но, дополнително може да обезбеди и простории за локалните организации, како што е случајот на обезбедениот простор во склоп на училиштето за организацијата Центар за едукација и развој ЦЕД, Теарце.

viber image 2023 09 28 10 27 49 247

Овој настан беше организиран во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Состојбата на младите во руралните општини е алармантна