Учениците од село Пчиња треба да учат во топло и современо училиште - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Учениците од село Пчиња треба да учат во топло и современо училиште PDF Печати Е-пошта
Вторник, 21 Февруари 2023 12:27

Здружението „Мајка“ организираше анкетирање на граѓаните во кое учествуваа 20 жители на селото Пчиња. Анкетирањето се одвиваше на 16 февруари 2023 година, на сред село, пред мостот на реката Пчиња. Од граѓаните беа побарани информации за тоа колку се запознаени со предизборните ветувања на Градоначалникот на Куманово,  како и да се види колку се заинтересирани за вклучување во иницијативата за потсетување на локалните власти да ги исполнат своите ветувања.

IMG ee9a497d3cbf86d04cc199be62bd05c3 V MCMS

Овој настан беше наменет за сите граѓани на селото, особено за оние чии деца учат во подрачното училиште. „Јас сум горда што живеам во селото Пчиња, сакам и моите деца да останат тука да живеат. И двете деца ми учат во училиштето кое е многу старо и навистина му треба реновирање. Сакам моите деца да учат во топло и современо училиште“ рече Жељка Дикљич Илиевска, жител на селото Пчиња. Здружението „Мајка“ ги мобилизираше граѓаните за заедно да ја алармираат локалната власт која во предизборната кампања вети дека реновирањето на училиштето  ќе биде една од првите активности од мандатот.

„Училиштето е многу старо, му треба реновирање, моите деца уште многу години ќе учат во него, јас како нивна мајка се вклучив во оваа акција за да го потсетиме Градоначалникот на неговите предизборни ветувања“ – истакна Јанка Величковска, жител на селото Пчиња. Инаку, училишната зграда е изградена во 1927/28 година, а подоцна е доградена. Во учебната 1055/56 година, зградата е назначена за осумгодишно подрачно училиште на ООУ „Браќа Миладиновци“. 

ХЗ „Мајка“ како здружение кое промовира демократија и граѓанско учество им даде можност на граѓаните да го искажат своето мислење за реновирањето на училиштето. Во следниот период ќе бидат сумирани податоците од анкетата и заклучоците од средбата со помала група граѓани кои во вид на информативно писмо ќе бидат доставени до Градоначалникот на Општина Куманово.

Настанот беше овозможен со проектот  „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Учениците од село Пчиња треба да учат во топло и современо училиште