Прашања и одговори за повикот за грантови на тема недискриминација, толеранција и еднаквост |
Вторник, 15 ноември 2022 14:03 | |||
Проектниот тим одговори на 30 прашања кои беа поставени за време на инфосесијата или беа добиени преку линијата за поддршка.
Преземете ги Прашањата и одговорите за повикот. Погледни го повикот. Целокупните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во упатството за аплицирање. Самата апликација се состои од:
Рокот за поднесување на апликациите е 25 ноември 2022г., до 17:00 часот. Апликациите може да се достават на емејл адресата Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите со назнака во емејлот: „Јавен повик за грантови“. Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на повикот за грантови изнесува 36.000 евра (2.214.000 МКД). А, ќе се доделат најмалку шест грантови во износ до 6.000 евра (369.000 МКД) по грант. Грантот ќе покрие 100% од вкупните подобни трошоци. Доколку имате дополнителни прашања во врска со повикот, истите може да се достават на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите со назнака: Референтен број 09-87/2-2022, најдоцна до 22 ноември 2022 г. Поставените прашања и одговорите ќе бидат достапни на www.mcms.mk во делот вести и јавност. Се поттикнуваат организациите ажурно да ја следат веб-страницата и фејсбук-страницата на МЦМС за да добијат навремени информации за веќе поставените прашања и одговори. Повикот е дел од проектот „Комисијата за антидискриминација ја остварува својата превентивна и заштитна улога“, финансиран од Европската Унија.
|