Предрасуди, социјална дистанца и еднаквост во Северна Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Предрасуди, социјална дистанца и еднаквост во Северна Македонија PDF Печати Е-пошта
Вторник, 25 октомври 2022 12:34

Мнозинство македонски граѓани покажуваат позитивни чувства кон жените (82,6%) лицата со посебни потреби (80,6%), возрасните луѓе над 70 години (80,3%). Високи се вредностите (над 70%) и за младите под 30г., христијаните, мажите, лицата со нарушена ментална состојба и муслиманите. Ова го покажаа резултатите од последното истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), „Ставовите и искуството со предрасуди, социјална дистанца и еднаквост во Северна Македонија“. Од друга страна, 53,5% отворено ги искажуваат своите негативни чувства (предрасуди) кон лезбијките, геј и бисексуалните лица, а нешто помал е процентот (46,3%) на оние кои изразуваат негативни чувства кон трансродовите лица или имигрантите (21,6%). Што се однесува на личното искуство од предрасуди, одговорите на оние кои рекле дека голем дел од времето се соочуваат со нив е под 10%. Меѓу оние кои понекогаш се соочиле со предрасуди најбројни се оние кај кои основата била полот (13,3%), потоа политичката припадност (11,1%) и етничката припадност (10,3%). 

Acrobat ps6BI0uAn8

Анализата за социјална дистанца покажува прилично конзистентен тренд па така, на испитаниците им е попријатна идејата да имаат за раководител, сосед или да се дружат со некој кој е од различна етничка припадност или вера, отколку нивни близок роднина да стапи во брак со некој/а од различна етничка или верска припадност. Мнозинство на испитаници (67,5%) сметаат дека е подобро да се склопи брак со жена/маж од иста вера

Истражувањето покажа дека најголем приоритет за испитаниците се вредностите поврзани со еднаквоста и социјалната правда во општеството. Високи 74,0% ги избрале понудените основни вредности за еднаквост како многу блиски до нивните ставови. По нив следуваат вредностите за државната безбедност (70,6%), сигурноста на државниот поредок, како и законитоста на постапките и процесите (66%). За отвореноста кон различностите се изјасниле 68,6%. Мнозинство од испитаниците (56,4%) во потполност се согласуваат со изјавата дека треба да има еднаквост за сите во општеството. Една третина од граѓаните отстапува од ова стојалиште.

Stavovi i iskustvo so predrasudi socijalna distanca i ednakvost vo Severna MakedonijaОколу две третини од испитаниците рекле дека се обидуваат да дејствуваат без предрасуди затоа што тоа им е лично важно. Сепак, не треба да се занемари и бројката на оние кои рекле дека се обидуваат да дејствуваат без предрасуди за да не бидат осудени од околината. Фактот дека еден поединец може да има многу позитивни и ставови без предрасуди за една малцинска група, но негативни ставови или предрасуди кон друга, значи дека во суштина предрасудите се засноваат на научени верувања, ставови и чувства кои може да подлежат на промени. Битно е политиките кои се спроведуваат во македонското мултикултурно општество за јакнење на кохезијата и меѓу групните односи да целат кон едукација, но и кон заштита на граѓаните од поголеми ескалации, како што е отворената дискриминација и неповолниот третман.

Истражувањето е спроведено од 24 јуни до 5 јули 2022 година со телефонска анкета која беше одговорност на агенцијата М-Проспект. Примерокот е репрезентативен на национално ниво и вклучува 1.000 испитаници. Истражувањето е дел од проектот „Комисијата за антидискриминација за извршува својата превентивна и заштитна улога“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од МЦМС. 

 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Предрасуди, социјална дистанца и еднаквост во Северна Македонија