Над 110 здруженија и социјални претпријатија се обединија за посилно општество - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Над 110 здруженија и социјални претпријатија се обединија за посилно општество PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 26 септември 2022 13:17

festival na cm 768x512

„Овој Фестивал го слави граѓанското општество и неговиот придонес кон општеството и граѓаните“, рече Амбасадорката на Швајцарија во земјава, НЕ Вероник Улман на официјалното отворање на Денот на граѓанските организации и социјалните претпријатија што се одржа на 24 септември 2022 година пред Дом на АРМ, зад спомен куќата „Мајка Тереза“ во Скопје. „Силно, разнолично и динамично граѓанско општество е важна димензија за функционалната демократија“, додаде таа. За Амбасадорката Хулман, предизвиците остануваати основните вредности се под притисок. „Поларизација меѓу граѓаните, ризици од корупција, неефикасно користење на ресурсите, дискриминација, сиромаштија, енергетска криза и климатски промени. Во вакви турбулентни времиња улогата на граѓанското општество станува уште поважна не само во обезбедувањето услуги за луѓето туку и во помагањето на креаторите на политики да најдат решенија за тековните и проблемите кои доаѓаат“, рече таа.

veronik 768x512

„Содржината на овој Саем зборува за напредокот на социјалното претприемништво. Темата е многу важна за ЕУ, а исто така е блиска и драга и за мене“, истакна Амбасадорот на ЕУ во РСМ, НЕ Дејвид Гир, во своето обраќање. Зборувајќи за бројките, тој истакна дека социјалната економија во ЕУ е 10% од сите бизниси, а 13 милиони луѓе или 6% од луѓето во ЕУ работат во социјални претпријатија, добро одржливи претпријатија. „Но поважно е тоа што ја споделуваат амбицијата на позитивно влијание на целото општество ставајќи ги луѓето на прво место и користејќи го профитот за да постигнат општествени цели“, додаде Амбасадорот Гир.

 gir 768x512

Фатмир Битиќи, заменикот на претседателот на Владата своето обраќање го започна со неговото лично искуство во граѓанскиот сектор пред повеќе од 20 години. „Тогаш саемите кои ги правевме беа само за граѓански организации, сега сме чекор понатаму и во настаните се вклучени и социјални претпријатија“, рече тој. Според него, симболична е и локацијата каде што се одржува Фестивалот на Цивика мобилитас, кај спомен куќата „Мајка Тереза“. „Таа не се стремела кон Нобелова награда за економија туку се занимавала со луѓето кои ги нашла пред нејзиниот дом. Граѓанските организации и социјалните претпријатија го прават истото – се грижат за луѓето со помалку можности“, рече Битиќи. Тој апелираше и на солидарност, да не се прават големи профити на грбот на граѓани не само затоа што тоа не е солидарно туку ќе се преслика на следните генерации. „Движечка сила се луѓето со нивните идеи, без вас ништо со вас се!“, рече тој.

fatmir 768x512

Програмата започне со неколку настапи со кои организациите го свртеа вниманието на прашањата на заштитата на животната средина, особено исчезнувањето на пчелите, на потребата од поголема инклузија на децата со хендикеп, а ќе пренесат и порака за мир.

pocetok 1 768x512

Фестивалот е место каде и ние организациите меѓусебно имаме можност да се дружиме, да се запознаеме, а зошто да не и да си отвориме можност за идна соработка. Бидејќи заедно сме посилни и колку сме посилни толку е поголем притисокот кон владата и институциите за нивно поефикасно работење и подобрување на услугите кон граѓаните“, велат од Центарот за управување со промени (ЦУП), редовни учесници на  Фестивалот чиј фокус оваа година беше на работата со жени претприемачки и поддршка на нивните бизниси за време на пандемијата предизвикана од Ковид-19.

shtandovi 768x512

Здружението за правна едукација и транспарентностСтаница пет“ од Прилеп и Здружението за заштита на правата на корисници на потрошувачки кредити Кредит протект од Скопје за прв пат учествуваа на Фестивалот на Цивика мобилитас. За нив, ова е убава можност да ја промовираат нивната работа пред организациите, а истовремено и да се запознаат со нивните  колеги и идни соработници.

shtandovi5 768x512

Главната тема за годинашниот фестивал е „Враќање на граѓанскиот простор“ и беше организиран во соработка со Центарот за социјални претпријатија. Граѓански активисти неколку дена пред Фестивалот го исчистија просторот каде што се одржи настанот, ги обновија клупите и поставија канти за ѓубре. Вака уреден, организаторите им го оставаат просторот на граѓаните за да биде место каде ќе можат да разговараат, дебатираат, разменуваат искуства и идеи Граѓанските простори се камен-темелници на секое отворено и демократско општество. Кога овој простор е отворен, граѓаните и граѓанските организации можат да се организираат, учествуваат и комуницираат без пречки. Така, тие можат да ги бранат своите права и да влијаат на политичките и општествените структури околу нив. Затоа, заедно апелираме за враќање на граѓанскиот простор на граѓаните.

pocetok 3 copy 768x512

Програмата беше богата и разновидна. Животната средина и климатските промени и овој пат ќе бидат застапени преку презентации и квизови, а дел од организациите, своите настани ќе ги посветат на здравјето преку различни презентации, тестирање за ХИВ, до активности за заштита на менталното здравје и арт терапија. На посебни настани се дебатирше за важноста на програмата за заштита од ХИВ инфекција, за конфликтите меѓу родителите и нивното влијание врз децата и за препознавањето и справувањето со стрес и за намалувањето на штети од употреба на дроги и сексуална работа и маргинализираните заедници.

shtandovi4 768x512

Фестивалот на Цивика мобилитас го имаше своето петто издание, а програмата почна 10.00 часот и траеше до 16.00 часот. Повеќе од 110 граѓански организации и социјални претпријатија од целата земја пристигнаа за да ги претстават своите активности и резултати пред заинтересираните граѓани.

Фестивалот е дел од проектот Цивика мобилитас на Швајцарската Амбасада во земјава.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Над 110 здруженија и социјални претпријатија се обединија за посилно општество