Избран новиот состав на Управниот одбор на МЦМС |
Четврток, 22 јули 2021 12:41 | |||
На својата прва седница одржана на 21 јули 2021 година, членовите на Советот на МЦМС со тајно гласање го избраа новиот состав на Управниот одбор. Него го сочинуваат: Елена Кочоска; Насер Селмани; Самет Скендери; Бобан Митевски; Назим Рашиди; Неда Милевска Костова и Сања Васиќ. Членовите на новиот Управен одбор се од редот на граѓанските организации, на црквите и верските заедници, на институциите за истражување и развој, на приватниот сектор и од редот на други и неспомнати предлагачи. Мандатот на новиот состав е четири години, односно до 2025 година. Управниот одбор е орган на општо управување и надзор над секојдневното управување на МЦМС. Во негова надлежност е донесувањето перспективни и годишни деловни планови; општи акти, освен актите што ги донесува; одобрувањето тримесечни и шестмесечни извештаи за работата и следење на спроведувањето на програмата; одобрување на годишната сметка; избор на директор и други работи во согласност со статутот и општите акти на МЦМС. МЦМС им се заблагодари на досегашните членови на Управниот одбор, Ризван Сулејмани и Горан Михајловски за нивниот придонес во развојот на организацијата во претходните години, а на новите членови, им посака успешна работа.
|