Доброто управување во изборните програми |
![]() |
![]() |
![]() |
Вторник, 21 јули 2020 16:41 | |||
Дата: јули 2020
Во овој извештај е презентирана квантитативна и квалитативна анализа на програмите на политичките партии за вонредните парламентарни избори во 2020г. од аспект на предлози и решенија за добро управување. Во анализата се вклучени програмите на оние политички партии кои доставиле или објавиле програма за изборите. Програмите на политичките партии кои беа доставени или објавени на албански јазик, беа преведени на македонски јазик и потоа анализирани. Еден од најголемите предизвици на македонското општество е примената на практиките на доброто управување засновани на владеењето на правото и демократијата, учеството, независноста на институциите, пред сè на судството, ефикасноста и ефективноста на сите нивоа и подрачја, особено на државната администрација, како и транспарентноста и отчетноста кои се одговор на борбата против корупцијата. Во овој документ се претставени резултатите од спроведената анализа и заклучоците кои произлегуваат од неа. Дел од резултатите од квантитативната анализа се претставени графички преку табели, а се користат и апсолутни бројки и проценти.
|