Рејтинзи на политичките партии - преглед на анкетите - 2020 |
![]() |
![]() |
![]() |
Четврток, 09 јули 2020 16:23 | |||
Дата: Јули, 2020 година
Во прегледот се објавени споредбено рејтинзите на партиите (процентот од испитаниците кои се изјасниле за таа партија на прашањето „за кого ќе гласате на изборите на 15 јули“ или слична формулација, зависно од агенцијата), според анкетите на агенциите. Споредена е прво методологијата: тип на истражување (теренско или телефонско), примерок (број на испитаници), статистичка грешка (каде што било достапно), како и период на анкетирање и датумот на објавување. Кај податоците кои се преземени од медиумите, за датум на објавување наведен е датумот кога била објавена во медиумот. Понатаму, покрај рејтинзите направена е проценка предвидениот број на освоени гласови, согласно со процентите од анкетата, без да се земат превид (т.е. со исклучување) на неопределените, што ќе биде директно најспоредлив податок со конечниот извештај на Државната изборна комисија (ДИК), по завршување на изборите. Се разбира, при споредба со официјалните резултати, ќе треба да се пондерираат вредностите со процентниот број на определените гласачи во однос на постигнатата излезност, за секоја од агенциите посебно. Прегледот е направен врз основа на информациите доставени до МЦМС (сопствена нарачка за анкета спроведена од М-Проспект), од објави на официјалните страни на нарачателите и/или анкетните агенции (НДИ и ИПИС), објави на социјалните медиуми на нарачателите и/или агенциите (БИПС), како и од објави во медиумите (анкетите на Брима, МекЛафин, ИФЕС и Стратум).
|