Стратегијата за соработка да има висока реализација на активностите во предвидениот рок - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Стратегијата за соработка да има висока реализација на активностите во предвидениот рок PDF Печати Е-пошта
Петок, 25 јануари 2019 00:00

Над 40 претставници на граѓански организации и државни институции учествуваа на дебатата на која се презентираше Стратегијата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020 година како и динамиката за нејзино спроведување. Главните заклучоци се однесуваа на потребата од целосно спроведување на мерките од Стратегијата во предвидените рокови, подобро претставување на резултатите кои се постигнуваат, како и потребата од надворешно следење на спроведувањето од страна на граѓанските организации.

Strategijata za sorabotka da ima visoka realizacija na aktivnostite vo predvideniot rok 1

„Кај претходните владини документи кои содржински ги отсликуваа потребите за кои беа наменети,  секогаш недостасуваше соодветно нивно спроведување, поради недостаток на финансии или на експертиза. Затоа сметам дека сега граѓанските организации се на потег и треба да размислуваат каде можат да придонесат во имплементацијата на Стратегијата“, рече во своето обраќање Ирена Иванова, од Делегацијата на Европска Унија.

Сузана Никодијевиќ-Филиповска, од Генерален секретаријат на Владата, детално ги презентираше целите, мерките, активностите и динамиката на нивното спроведување. Таа се надева дека овој документ ќе има подобри проценти на реализација споредено со претходните две стратегии. Фани Каранфилова-Пановска, од Фондација Отворено општество Македонија и претседателка на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, како клучни работи за чие спроведување треба сите да се посветат ги истакна: измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации; анализата на даночното третирање на граѓанските организации; како и изработката на модел за државно финансирање на граѓанските организации.

Strategijata za sorabotka da ima visoka realizacija na aktivnostite vo predvideniot rok 2

„Понекогаш се добива впечаток дека претставниците на владините институции немаат лично чувство дека тука седат и се номинирани од своите институции за да дадат видување на институцијата од која доаѓаат во носењето на ставовите на целиот Совет. Меѓутоа, мислам дека тоа е промена на културата на работење“, рече Гордана Гапиќ-Димитровска, државен советник во Министерство за информатичко општество и администрација, и заменик претседателка во Советот. Таа наведе повеќе промени кои се во подготовка меѓу кои и зголемување на рокот на консултација на предлог законите поставени на ЕНЕР за уште пет денови, што ветува дека ќе стигнеме до европскиот тренд на рокови за консултации. 

Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ ги повика присутните граѓански организации на акција, односно на организираност преку Советот и другите постоечки механизми на делување. Тој додаде дека Европската Унија, во иднина планира поголема поддршка на малите и средните организации, и особено оние кои се надвор од Скопје.


Поврзани:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Стратегијата за соработка да има висока реализација на активностите во предвидениот рок