Во Брвеница недостасуваат граѓански иницијативи - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Во Брвеница недостасуваат граѓански иницијативи PDF Печати Е-пошта
Четврток, 15 ноември 2018 00:00

Работата на граѓанските организации во руралните средини и соработката со локалната администрација беше главната тема на средбата на граѓанските организации за време на Мобилниот ресурсен центар кој се одржа во соработка со локалната администрација на општина Брвеница на 12 ноември 2018 година. 

20181120 Vest Brvenica

Учесниците беа согласни дека во руралните средини поголем е предизвикот за покренување и реализација на граѓански иницијативи. Тие ги истакнаа своите приоритети како што се: покренувањето на граѓански иницијативи, потребата од знаења и вештини за подготвување пријави за проекти, користењето ИТ алатки, како и навременото информирање за тековните случувања, активностите и можностите за финансирање на организациите.

Општината досега соработувала со граѓански организации од регионот, а поддржала и младински локални иницијативи за подобрување на општата безбедност. Сепак, иако општината е отворена за соработка, недостасува проактивност кај граѓаните. За надминување на ова, потребна е едукација за тоа каде граѓаните можат да се вклучат во процесите на планирање и подготовка на локални планови, стратегии и политики.

Дел од учесниците посочија дека постојат иницијативи за чија реализација нема финансиска поддршка, а други потенцираа дека заради законските измени, месните заедници не се активни како во минатото и таа празнина се чувствува во комуникацијата на граѓаните со општината. Претставниците на локалната самоуправа објаснија дека поради отсуството на културни институции и спортски терени, општината има проблем да им излезе во пресрет на барањата на граѓаните за организаирање културни и спортски настани.

Тимот на Граѓанскиот ресурсен центар имаше средба со Енвер Пајазити, градоначалник на општина Брвеница, кого го информираше за работата на ресурсниот центар во Гостивар и поддршката што тој ја обезбедува на локалните организации од регионот.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

 

 

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Во Брвеница недостасуваат граѓански иницијативи