МЦМС ефикасно се соочи со бегалските кризи во Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС ефикасно се соочи со бегалските кризи во Македонија PDF Печати Е-пошта
Петок, 31 август 2018 08:37

Во своите 25 години постоење, МЦМС покажа висок капацитет за прилагодување на брзите промени кои се случуваат во општеството. Доказ за тоа е навременото реагирање за време на кризите со кои се соочи Македонија.

20180831 Infograph begalska kriza 2 01

Косовска криза (1999 год.)

МЦМС беше присутен на граничните премини Блаце и Јажинце, но и во селата во пограничната зона Малино и Танушевци. МЦМС:

  • Координираше околу 250 тони материјалната помош што пристигнуваше од партнерските организации;
  • Раководеше со бегалскиот камп Радуша со одобрение на Министерството за труд и социјална политика; 
  • Учествуваше во конструирање на водоснабдителни и санитарен систем во камповите Радуша и Бојане;
  • Поддржа околу 1.000 семејства домаќини, кои доброволно вдомија дел од бегалците, со храна, производи и готовина како компензација за направените трошоци;
  • По завршување на главниот бран на бегалската криза го подобри водоснабдувањето и санитацијата во селата блиску до камповите и селата кои примија голем број бегалци.  

Односот на пошироката јавност кон прифаќањето на бегалците од Косово беше една од мотивациите МЦМС да осмисли кампања за промоција на општите вредности преку промоција на заемното разбирање, мирот и стабилноста во цела Македонија . Мотото на кампањата е добро познатото „Цело е кога има сѐ“. Таа ги допре темите на толеранција, човечки вредности, разбирање и солидарност со помош на богати аудио-визуелни материјали.

Македонска криза (2001)

МЦМС одговори на кризата во земјата помагајќи им на раселените лица во и вон конфликтните подрачја. Организацијата се фокусираше на неколку активности:

  • Дистрибуираше прехранбени и непрехранбени производи на колективните центри кои остануваа без храна поради спората реакција на владата;
  • Дистрибуираше помош во подрачјата со ограничен пристап за да се демонстрира правото на пристап кон хуманитарна помош кое било ускратено;
  • Обезбеди алтернативно итно водоснабдување за Медицинскиот центар во Куманово и за жителите на Арачиново, затоа што нормалното беше прекинато; 
  • Воспостави координативни механизми за справување со кризата.

Сириска криза (2015/16)

Со затворањето на „Балканската рута“, над илјада бегалци останаа во транзитните центри во Македонија. Со тоа значајно беа сменети состојбите на терен, а потребите на бегалците се зголемија. МЦМС тековно соработуваше со Министерството за труд и социјална политика, со Центарот за управување со кризи, со Црвениот крст на РМ и другите релевантни чинители и спроведе повеќе активности:

  • Набави и дистрибуираше топла зимска облека, долна облека, како и облека за жените бегалки во согласност со нивните религиозни верувања; 
  • Инсталираше електрична мрежа во прифатно-транзитниот центар (ПТЦ) Табановце, со која се овозможи затоплување на објектите во кампот за време на зимските месеци;
  • Пред влезот на ПТЦ Винојуг изгради женски и машки тоалети и два тушеви со грејачи за вода;
  • Во ПТЦ Винојуг обезбеди поставување и одржување на три подвижни тоалети;
  • Во двата центри, постави настрешници на влезот и излезот од транзитните центри, а беа поставени и четири контејнери во ПТЦ Табановце;
  • За кујните на транзитните центри набави прибори за јадење, чаши и чинии, дрвени маси и клупи.
 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести МЦМС ефикасно се соочи со бегалските кризи во Македонија