Нов акциски план за Отворено владино партнерство - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Нов акциски план за Отворено владино партнерство PDF Печати Е-пошта
Вторник, 10 април 2018 12:48

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на проектот „Национален ресурсен центар за граѓанските организаци“ финансиран од ЕУ го поддржа Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА) при спроведувањето на четири тематски состаноци на 26, 29, 30 март и 2 април во ЕУ Инфо центарот. Тие се однесуваа на процесот на отворено владино партнерство и ги покриваат темите:  транспарентсноста и отчетноста; спречувањето на корупција и промовирањето на доброто владеење; ефективните јавни услуги и доброто владеење на локално ниво; и демократски медиумски амбиент и медиумските слободи.

Nov akciski plan za Otvoreno vladino partnerstvo 1

Учество на состаноците земаа 102 граѓани - претставници на граѓански организации и на државни институции. Тие имаа можност заедно да дискутираат за мерките и активностите кои би можеле да се вклучат во четвртиот национален акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020. На состаноците беше истакнато дека преку заедништво на граѓанските организации и државните институции ќе се здружат напорите и финансиските ресурси за поуспешно спроведување на предложените мерки. Исто така беше истакната потребата од позајакнато партнерство на владините институции и граѓанскиот сектор не само при креирање на планот, туку и при неговото спроведување. 

Nov akciski plan za Otvoreno vladino partnerstvo 2

Извештаите од тематските состаноци вклучувајќи ги и дискутираните и предложените мерки и активности се испратени во МИОА и истите ќе бидат земени предвид за новиот акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020.  

Националниот ресурсен центар за граѓански организации е проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи АДИ од Гостивар и Медиа плус од Штип. 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Нов акциски план за Отворено владино партнерство