Извештај за проценка на корупцијата во Македонија 2018 г. |
![]() |
![]() |
![]() |
Четврток, 05 април 2018 14:34 | |||
Автор: Емина Нурединоска, Снежана Камиловска Трповска, Наташа Иваноска, Миша Поповиќ
Во овој извештај содржан е основниот сегмент на ССК, односно анализирани се податоците од анкетата со населението за перцепцијата и искуството со корупцијата во 2017 г., и за одредени прашања споредувани со секундарни податоци. Со ваквата анализа се дава одговор за нивото на корупција во Македонија. Преку седум индекси е презентирано актуелното искуство на граѓаните со корупцијата, за нивните ставови за корупцијата и за перцепциите за корупцијата. Во извештајот може да се најде одговор за повеќе прашања како што се: кои фактори влијаат на корупцијата, колкав е коруптивниот притисок, вклученоста во корупција, како и степенот на отпор кон корупција од страна на граѓаните. Потоа содржани се податоци за свесноста на јавноста за корупцијата и за прифатливост и подложност на корупција. На крај во извештајот се дава и преглед на перцепцијата на граѓаните за распорстранетоста на корупцијата по сектори и професии, како и на перспективите и можностите за намалување и сузбивање на корупцијата. МЦМС го подготви Извештајот за процена на корупцијата во Македонија и ја издаде оваа публикација како дел од проектот „Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата“, поддржан од Британската амбасада во Скопје.
|