Визуелизирање на податоците за приближување на работата на ДКСК до граѓаните - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Визуелизирање на податоците за приближување на работата на ДКСК до граѓаните PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 27 ноември 2017 13:37

Kорупцијата е рак-рана на општеството“ е една од начесто експлoaтираните флоскули, не само во новинарските извештаи туку и во стручните трудови посветени на оваа тема. Дека е така, веројатно веќе никој не се сомнева. Иако корупцијата е комплексна појава, граѓаните на Македонија се многу свесни за неа. Според Извештајот за проценка на корупцијата од 2016 година, мнозинство од 61% препознаваат и други форми на корупција освен поткупот даден во пари.

sledenje na rabotata na dksk

Но, она за што помалку се свесни е улогата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Според испитаниците во анкетата „Перцепциите на граѓаните за ДКСК“, направена на почетокот на 2017 година, три инситуции кои најмногу придонесуваат во борбата против корупцијата во Македонија се Министерството за внатрешни работи, Судскиот совет и Специјалното јавно обвинителство. ДКСК е на петтото место по бројот на испитаници (11,94%) кои ја навела како институција која придонесува во борбата против корупицијата. Од истражувањето произлегува дека повеќе од половина граѓани (57,1%) воопшто не се запознае ни со тоа што работи ДКСК.

dosegasni ostvaruvanja na dksksledenje na rabotata dksk 2006 2015 t

МЦМС, преку проектот Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) веќе една година ја следи работата на ДКСК и ги информира граѓаните за неа. Предмет на интерес се: постигнувањата, транспарентноста и отчетноста. За да ги приближи резултатите до граѓаните, МЦМС креира лесно читливи инфографици и видеа. 

На тој начин, граѓаните и другите засегнати страни може да се запознаат со улогата на ДКСК во борбата против корупцијата и нејзиниот начин на функционирање. Во основа на овие визуелни форми на информирање се извештаите за работата на ДКСК.

Првиот е Извештај за состојбата го опфаќа периодот од 2006г. – 2015г. Тој понатаму служи како основа за споредба на податоците секое следно тримесечие. Исцрпните информации од извештајот се сублимирани во двеиполминутно видео за Ефектите од работењето на ДКСК. Резултатите од следењето на работата на ДКСК за периодот октомври - декември 2016г. како и резултатите од погоре спомнатата анкета се дел од Првиот квартален извештај. 

МЦМС до сега подготви уште два извештаи, за кварталот јануари – март и кварталот април – јуни 2017 година и истите ги сублимираше во новото видео „Што сработила ДКСК во првите шест месеци од 2017 година“. Покрај тоа, постигнувањата во првите два квартали се визуелизирани во два инфографици, едниот за постигнувањата на ДКСК од јануари до март и вториот за постигнувањата на ДКСК од април до јуни 2017 година. 

dksk kvartalen izvestaj 2 flaer tdksk kvartalen izvestaj 3 flaer t

За подготовка на извештаите се применува матрицата на индикатори која ја подготви МЦМС  во соработка со Центарот за изучување на демократијата (ЦИД). Секој извештај содржи заклучоци и препораки за соодветниот период што ДКСК ќе може да ги искористи за потврдување на достигнувањата и за подобрување во областите во кои е идентификувано потфрлање. Целта на овие продукти е граѓаните и другите засегнати страни редовно да добиваат сеопфатни информации за резултатите од работењето на ДКСК.  ДКСК пак, од друга страна, преку ова надворешно следење, има можност да  види како другите ги перцеприаат резултатите од нејзиното работење. 

sledenje na dksk kvartalen izvestaj 1dksk kvartalen izvestaj 2kvartalen izveshtaj br 3

Подготовката на овие продукти е дел од проектот „Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата“ што го спроведува МЦМС, а финансиски е поддржан од Британската амбасада во Македонија.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Визуелизирање на податоците за приближување на работата на ДКСК до граѓаните