Граѓаните за промени - Ден на граѓанските организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓаните за промени - Ден на граѓанските организации PDF Печати Е-пошта
Четврток, 07 септември 2017 16:09

Во духот на приближувањето на граѓанскиот сектор кон својот двигател - граѓаните, Цивика мобилитас го организира третиот Национален форум на кој ќе се претстават граѓанските организации со мноштво активности. Форумот ќе се одржи на 23 септември во Градскиот парк во Скопје, на Школка од 11.00 до 17.00 часот.

Gragjanite za promeni Den na gragjanskite organizacii

Во опуштена атмосфера, посетителите ќе бидат дел од работилници, презентации, проекции и изложби проследени со богата музичка програма. Организациите пак, ќе се потрудат на забавен и интерактивен начин да им ги претстават своите залагања, предизвици, проекти и досегашни постигнувања.

Семејството на Цивика мобилитас денес се состои од 208 грантисти. Сите промени кои тие ги предизвикале, големи и мали, се само дел од сложувалката наречена „граѓанско општество“.

Бидете дел од денот на граѓанските организации, покажете ја вашата желба за промени!

Линк до Facebook настан.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Граѓаните за промени - Ден на граѓанските организации