Работилница за социјален маркетинг - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Работилница за социјален маркетинг PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 24 април 2017 13:48

Користењето на социјалниот маркетинг за целите на граѓанските организации беше главната идеја на работилницата одржана на 20 април 2017 година. На работилницата присуствуваа 19 претставници на грантистите на Цивика мобилитас, а ја водеше Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата.

Rabotilnica za socijalen marketing 1

„Со социјалниот маркетинг треба да ги натерате луѓето да направат промени во општеството. Ако сакате вашата кампања да ги натера луѓето или институциите да променат нешто во своето досегашно однесување,тие треба да веруваат во вашата визија исто како што вие верувате во неа, “-рече тој.

Учесниците се запознаа со концептот на социјалниот маркетинг и неговата примена во Македонија, споделија свои но имаа можност да слушнат и туѓи искуства. Тие истакнаа дека најголемата потешкотија со која граѓанскиот сектор се соочува е доаѓањето до податоци за целната група кон која понатаму би ги насочиле своите активности.

Програмата на работилницата имаше и практичен дел којшто се однесуваше на развивање на нацрт план за социјален маркетинг и утврдување на наредните активности за секоја од организациите.

Rabotilnica za socijalen marketing 2

„Ова што го научив сигурно ќе го примениме во наредниот процес на регрутација на нови членови, промоција на настани, основање нови соработки, а ќе послужи и при надградување на внатрешниот капацитет,“ - изјави Стефани Спировска од Младинскиот образовен форум.

Беа развивани планови за развој на младински центар што ќе послужи за сплотување на младите кои се припадници на различни етнички заедници; за едуцирање на здравствените работници за работа со маргинализирани групи како заболените од ХИВ и транссексуалците;  за развој на млади професионалци со критичко мислење итн. 

Учесниците ја оценија содржината на работилницата како многу корисна и беа согласни дека наредниот чекор е развивање на планот за социјален маркетинг и негова употреба во наредните проекти.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Работилница за социјален маркетинг