Завршен настан за Рамковните договори за партнерство - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Завршен настан за Рамковните договори за партнерство PDF Печати Е-пошта
Вторник, 22 ноември 2016 15:26

Заврши спроведувањето на Рамковните договори за партнерство (FPAs) поддржани од Европската Унија. Ова беше повод, на 10 и 11 ноември 2016 година во Скопје да се разговара за општиот развој на граѓанското општество во Западен Балкан и Турција, а потоа и да се подготват заеднички препораки за унапредување на граѓанските организации и мрежи кои четири години добиваа поддршка за нивната работа. Во фокус беа вредностите, стратешкиот приод, релевантноста, јавниот имиџ и други прашања кои ги одразуваат внатрешните промени во организациите. На настанот учествуваа, претставници од сите проекти како и од клучните државни институции и граѓански организации од Западен Балкан и Турција, но, и претставници од институциите на ЕУ. 

15027366 10154119183248014 5912833638949478 n

На настанот се дискутираше и за актуелните прашања и трендови кои го засегаат граѓанското општество во регионот. Учесниците го претставија својот придонес за одредени теми во и идентификуваа дополнителни предизвици во тематските области: животна средина, природни ресурси, енергија и рурален развој; добро управување, борба против корупцијата, јавни набавки, слобода на медиумите, како и социјален развој, човекови права, соработка и вклученост.

15027717 10154119180343014 8179250200202028537 n

МЦМС ги претстави постигнувањата на два проекти каде МЦМС имаше улога на локален партнер и тоа: проектот “Аки на балканското граѓанско општество” кој цели кон зајакнување на капацитетите за следење и застапување за прашања поврзани со овозможувачка околина и одржливост на граѓанското општество на регионално и национално ниво и проектот “Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во југоисточна Европа: градење на капацитети за мониторинг, застапување и подигање на јавна свест“ кој цели кон зголемено влијание на граѓанските организации во креирањето и следењето на политиките поврзани со добро владеење и антикорупција.

Настанот го организираше регионалната канцеларија на ТАКСО, со локална поддршка на МЦМС во улога на ресурсен центар за проектот ТАКСО. Марија Саздевски и Симона Огненовска како национални координатори на два проекти од МЦМС учествуваа на настанот.


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Завршен настан за Рамковните договори за партнерство