Политичката корупција на високо ниво и застојот во приближувањето кон ЕУ се вистинските проблеми на Југоисточна Европа за 2016 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Политичката корупција на високо ниво и застојот во приближувањето кон ЕУ се вистинските проблеми на Југоисточна Европа за 2016 PDF Печати Е-пошта
Вторник, 12 јули 2016 13:27

Лидерството за развој и интегритет на Југоисточна Европа (СЕЛДИ) во јуни оваа година во Брисел одржа работилница посветена на прашањата на антикорупцијата и доброто владеење во енергетскиот сектор на Западен Балкан и во Турција.

Press Release

СЕЛДИ ги презентираше главните наоди на својот Систем за следење на корупцијата (ССК) во ЈИЕ за 2016 година и Регионалниот извештај за проценка на управувањето со енергија и државна контрола. ССК предупредува дека политичката корупција го заменила ситниот поткуп и како доминантен проблем на националните и меѓународните реформатори и како причина за поголемиот дел на општествената и економска штета. Претходниот фокус на усогласувањето на националната легислатива со меѓунаордните стандарди сега се заменува со фокус на нејзиното применување. Регионалниот извештај за проценка на управувањето со енергија и државна контрола го истражува влијанието на корупцијата и државната контрола врз севкупното управување со енергетскиот сектор и ги открива клучните причини и последици на државната контрола врз енергетските институции.

Авторите забележуваат дека каналите за државна контрола врз енергетскиот сектор можат да се користат, и реално се користат, од страна на домашни олигархиски групации и во многу случаи, од страна на руската влада за да се обезбеди фаворизиран третман за некои компании. Особено загрижуваат предизвиците во однос на безбедноста на енергијата за ЈИЕ, прекумерната зависност од увозот на енергија; потпирањето на ограничен број снабдувачи со енергија; високите нивоа на енергетска сиромаштија; неодржливиот интензитет и побарувачка на енергија и истрајното управување со енергијата и ризиците од корупција. Корпоративното управување со претпријатијата во државна сопственост се одликува со политичко мешање во секојдневната работа; нетранспарентни процедури за вработување; политичко фаворизирање; конфликт на интереси; ограничена транспарентност и отчетност за управувањето.

Целото соопштение можете да го најдете на следниот линк: http://seldi.net/events-and-news/seldi-events-and-news/seldi-policy-workshop-strengthening-resilience-to-corruption-and-state-capture-in-southeast-europe/


Поврзани:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Политичката корупција на високо ниво и застојот во приближувањето кон ЕУ се вистинските проблеми на Југоисточна Европа за 2016