Раководење со TАКСО - ресурсен центар - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Раководење со TАКСО - ресурсен центар PDF Печати Е-пошта
Среда, 15 јуни 2016 16:07

Проектот на Европската Унија за градење на капацитетите на граѓанските организации во Западен Балкан и Турција - TACSO започна да се спроведува во август 2009 година. Првата фаза траеше до август 2013 година, а втората фаза започна во септември 2013 г. и ќе трае четири години. Проектот обезбедува техничка поддршка за граѓанското општество во седум земји: Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција, а го спроведува конзорциум од шест ЕУ партнери, каде водечка компанија се СИПУ од Шведска. 

Еден од главните предизвици во оваа фаза е локализирање на националните канцеларии, односно нивно преточување во ресурсни центри со седиште во локална организација во секоја од земјите. МЦМС се пријави на отворениот повик за ресурсен центар на TACSO во Република Македонија во април 2014 г., а беше избран во процес на темелна оценка на капацитети на апликантите од страна на членовите на Комитетот за оценка и дополнителна оценка направена од независен експерт. МЦМС склучи партнерски договор со СИПУ за периодот од 16 октомври 2014 до 31 август 2017 г. МЦМС во текот на периодот на спроведување на проектот постепено ќе ја зголемува својата вклученост во обезбедување услуги согласно проектот наTACSO. Услугите на TACSO се комплементарни со постоечките активности и програми на МЦМС и во целост се согласни со предвидените приоритети во стратешката цел на МЦМС – Вкоренето и динамично граѓанско општество. 

Општа цел на проектот e вкоренето и динамично граѓанско општество кое придонесува кон поповолна средина за граѓанските организации, зајакнати актери и зголемена соработка меѓу граѓанските организации и подобрен имиџ и доверба во граѓанското општество. 

Цел на проектот е раководење со ресурсниот центар на TACSO кој ќе придонесе кон зголемување и подобрување на капацитетите и активностите на граѓанските организации (ГО) како и зајакнување на нивната улогата во партиципативна демократија. 

Целна група на проектот се граѓанските организации, државни институции, јавноста и медиуми. Директни корисници се граѓанските организации и платформи на национално ниво, органи на државна управа, меѓу-владини институции особено ЕУ, и други засегнати страни. 

Очекувани резултати  од проектот се: понатамошно зајакнување на капацитетите на граѓанското општество и улогата во националната демократизација и во процесот на пристапување; зголемување на комуникацијата и видливоста на придонесите на граѓанските организации за општеството во целина; поддршка во откривањето на нови стратегии и пристапи за мобилизација на ресурси кои се потребни за да се обезбеди развој и одржливост на граѓанското општество и, подобрување на законската и институционалната рамка за активностите на граѓанското општество.

За реализација на резултатите пред се МЦМС ќе обезбеди канцелариски простор и целосна логистичка поддршка на постоечкиот тим на македонската канцеларија на TACSO, како и ќе назначи персонал кој ќе биде директно вклучен во спроведувањето на планираните активности. 

Назначениот тим од страна на МЦМС заедно со проектниот тим на TACSO, а по претходни консултации со локалната советодавна група ќе ги подготвува годишните планови за работа, ќе ги приоретизира активностите и ќе биде вклучен во нивно директно спроведување. 

Периодот на спроведување на проектот е 16 октомври 2014 г. – 31 август 2017 г.

Буџетот изнесува 11.992.500 МКД

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Раководење со TАКСО - ресурсен центар