Петок, 22 април 2016 13:28 |
Моника Божиноска, Соработник на проекти
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
+389 2 3065 381
Pодена на 6 јули 1989 година во Скопје. Дипломира психологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје. Своето академско образование го продолжува на постдипломски студии за Истражувачки методи во политички науки на Универзитетот Бирмингем во Велика Британија, како носител на стипендијата Чивнинг. Работното искуство го започнува во Младински образовен форум каде повеќе од 4 години работи како проектен координатор на проекти од областа на образовни политики, млади и граѓанско учество. Работното искуство го надополнува со практикантски ангажман во Советот на Европа во Страсбург и со краткорочни ангажмани во истражувачки агенции и Фондацијата отворено општество - Македонија. Автор е на повеќе истражувачки анализи од областа на младинско учество, бихејвиорални модели кај млади и образовни политики. Во моментов работи во програмата за развој на граѓанското општество „Цивика мобилитас“ на компонентата Поддршка, вмрежување и учење и компонентата Истражување и развој.
|