Работилница за социјален маркетинг - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Работилница за социјален маркетинг PDF Печати Е-пошта
Четврток, 21 април 2016 15:23

Користењето на социјалниот маркетинг за целите на граѓанските организации беше главната идеа на воведната работилница на оваа тема што се одржа на 20 и 21 април 2016 година во Скопје. На работилницата учествуваа дваесетина претставници на грантистите на Цивика мобилитас, а ја водеше Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата.

Rabotilnica za socijalen marketing 1

Учесниците се запознаа со концептот на социјалниот маркетинг и стратегиите за социјален маркетинг, споделија свои но имаа можност да видат и туѓи искуства во оваа област.

Во помали групи, тие работеа на развивање план за социјален маркетинг. Фокусот беше ставен на формулирањето на стратешките цели од кои понатаму се развиваше целиот план.

Беа развивани планови за мобилизирање на активни волонтери кои ќе бидат вклучени во работата на организацијата; за мобилизирање финансии за програма наменета за психосоцијална поддршка на жените болни од рак; за брендирање на органска храна; за зголемување на свеста кај работодавците за вработување на лица со хендикеп итн.

Rabotilnica za socijalen marketing 2

„Нашата намера беше да почнете да размислувањет на овој начин за дел од вашите активности“, рече Форестер. „Ова е можност да бидете заедно на едно место, да ги споделите вашите знаења и искуства, а потоа, доколку имате желба да продолжите да развивате заеднички идеи.“

Учесниците изразија задоволство од содржината на работилницата. Тие во концептот препознаа дел од нивните досегашни активности, а подоцна, низ практичната работа, применија дел од работите за кои разговараа.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Работилница за социјален маркетинг