Незаконско, неодговорно и нерационално трошење на парите на граѓаните прикажано преку извештаите на Државниот завод за ревизија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Незаконско, неодговорно и нерационално трошење на парите на граѓаните прикажано преку извештаите на Државниот завод за ревизија PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 22 јуни 2015 15:44

Автор: Слаѓан Пенев
Дата: септември, 2015
PDF MK: nezakonsko-neodgovorno-i-neracionalno-troshenje-na-parite-na-gragjanite-prikazhano-preku-izveshtaite-na-drzhavniot-zavod-za-revizija.pdf
PDF EN: unlawful-irresponsible-and-irrational-spending-of-citizens-money-presented-in-the-reports-of-the-state-audit-office.pdf

nezakonsko-neodgovorno-i-neracionalno-troshenje-na-parite-na-gragjanite-prikazhano-preku-izveshtaite-na-drzhavniot-zavod-za-revizijaВнатрешната ревизија во јавниот сектор во изминативе неколку години не ги дава очекуваните резултати. Во последниве неколку години ниту централната внатрешна ревизија, во рамките на Министерството за финансии, ниту пак единиците за внатрешна ревизија во самите субјекти од јавниот сектор, не успеаја да воспостават своја функционална независност и потребен професионален интегритет, за да можат да се соочат со предизвикот на својата функција.

Овие тела се само набљудувачи на злоупотребите и трошењето на буџетските средства што секојдневно се случуваат пред нивните очи. Извештаите, пак, кои Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги прави при анализата на работењето на Владата, нејзините министерства и јавните претпријатија, содржат навистина фрапантни податоци.

Владата и другите државни институции се однесуваат крајно нетранспарентно, коруптивно и имаат игнорантски однос кон законите во Република Македонија. Од извештаите на ДЗР може да се заклучи дека Владата и владините институции, наместо да им дадат пример на другите институции како треба да се функционира и како се спроведуваат законите, тие се пример за нетранспарентност и корупција.

Имајќи предвид дека негативните мислења и мислењата со резерва се неизоставен дел од извештаите на ДЗР за работењето на државните институции, се наметнува потребата од анализа на ревизорските извештаи кои се објавувани на веб-страницата на ДЗР со цел повторно да се укаже за ненаменското и нетранспаретно трошење на јавните средства.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Незаконско, неодговорно и нерационално трошење на парите на граѓаните прикажано преку извештаите на Државниот завод за ревизија