Намалување на корупцијата во јавните набавки преку засилена контрола - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Намалување на корупцијата во јавните набавки преку засилена контрола PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 22 јуни 2015 15:35

Автор: Сабина Факиќ
Дата: септември, 2015
PDF: namaluvanje-na-korupcijata-vo-javnite-nabavki-preku-zasilena-kontrola.pdf
PDF: decreasing-corruption-in-public-procurement-via-strengthened-control.pdf

namaluvanje-na-korupcijata-vo-javnite-nabavki-preku-zasilena-kontrolaВо изминатите четири години не е реализирана клучната активност од областа на јавните набавки предвидена во Државната програма за превенција и репресија на корупцијата 2011-2015 година со која требаше да се влијае врз намалување на високата корупција во областа на јавните набавки.

Станува збор за активност која подразбираше измени на Законот за јавните набавки со цел да се овозможи надлежната институција од оваа област, Бирото за јавни набавки, од орган на државната управа во состав на Министерството за финансии, да прерасне во самостојна агенција и активно да се вклучи во следење на постапките за јавни набавки преку контрола на законитоста на преземените дејства и утврдување на неправилностите и известување на јавноста за тоа.

Во рамките на ова истражување дадени се низа студии на случај кои ја потврдуваат потребата од воведување контрола во јавните набавки. Во услови на широко распространета корупција во областа на јавните набавки, потребно е подобрување на законската регулатива и засилување на одговорноста од носителите на власта во насока на наменско и рационално трошење на јавните пари низ еден транспарентен и отчетен процес.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Намалување на корупцијата во јавните набавки преку засилена контрола