Кумановци го ставија фокусот на миграциите и младите |
Вторник, 23 јуни 2015 12:27 | |||
На 10 јуни 2015 година, во Домот на културата „Трајко Прокопиев“ во Куманово, под мотото „Твој простор, твој глас“, се одржа првиот регионален форум на Цивика мобилитас. Триесетина претставници на граѓански организации и граѓански активисти од североисточниот регион, го искористија „отворениот простор“ што им го нуди регионалниот форум да разговараат на теми на кои сметаат дека треба да се работи за да се предизивикаат општествени промени. Општествените промени и соработката беа двете клучни прашања на кои се осврна Симон Форестер, меѓународен експерт на Цивика мобилитас. „Соработката може да помогне во градењето на легитимноста, максимизирање на ресурсите и зјакнување на граѓанското општество“, рече тој и додаде дека соработката наместо натправарот носи поголеми придобивки за граѓанското организирање, а првиот чекор во соработката е идентификувањето на оние кои можат да ја предизвикаат промената. „Она што ги поврзува граѓанските организации се проблемите на кои треба заедно да работат“, рече Трајан Димковски учесник на форумот од Руралната коалиција од Куманово. Финансирањето, транспарентноста на граѓанските организации, нивната меѓусебна соработка, иселувањето, поддршката на граѓаните од „Диво насеље“ беа дел од општествените прашања кои ги идентификуваа на Регионалниот форум во Куманово. Учесниците во групи дискутираа за миграциите и младите. „Миграциите се шок за општеството“, рече Сајмон Форестер. Улогата на граѓанските организации е да му помогнат на општеството да го преброди тој шок“. Во дискусијата за младите беа истакнати проблемите со нивната партизираност и пасивност со кои треба да се занимаваат граѓанските организации. Учесниците сметаат дека е потребна мотивација и вклучување на младите во креативни и атрактивни активности. Особено внимание треба да се обрне на младите од руралните средини. Соработка преку регионален младински совет, вклучување во организизација на настани беа само дел од идентифкуваните можности на присутните. Присутните имаат можност да споделат искуства за ефективна соработка за општествена промена и да слушнат добрите практики од Европа. Цивика Мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрациј (SIPU). Цивика мобилитас обезбедува поддршка за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество. Спроведувањето започна во октомври минатата година и ќе трае четири години.
|