Претставниците на јавната администрација се обучуваа за корупција и организиран криминал - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Претставниците на јавната администрација се обучуваа за корупција и организиран криминал PDF Печати Е-пошта
Среда, 18 Февруари 2015 00:00

На 17 февруари 2015 година, во Скопје, МЦМС ја организираше еднодневната обука „Поврзаноста на организираниот криминал и корупцијата“. Обуката им беше наменета на претставниците на јавната администрација кои меѓу другото, се одговорни за легислативите за анти-корупција и организиран криминал во рамки на државните институции. Предавачи беа Руслан Стефанов и Тодор Јаламов од Центарот за изучување на демократијата (ЦИД) од Бугарија.

pretstavnicite-na-javnata-administracija-se-obuchuvaa-za-korupcija-i-organiziran-kriminal

За време на обуката, учесниците имаа можност да слушнат повеќе за искуствата и механизмите за следење на корупцијата и организираниот криминал во Бугарија и регионот, како и да развијат дискусија за применливоста на таквите механизми во Македонија. На обуката беа презентирани искуства поврзани со корупцијата и анти-корупцијата во Бугарија и Југоисточна Европа, како и оценка на анти-корупцијата и организираниот криминал во Европа. Покрај бројките од истражувањата на оваа тема беа презентирани и европските искуства во врска со следењето на  корупцијата и организираниот криминал и зголемувањето на ефикасноста во преземањето на соодветни мерки и инструменти во земјата.

Претставниците на државната администрација зборуваа за работата на државните институции во  сузбивање на  корупцијата и организираниот криминал. Се зборуваше и за потребата од подетално разбирање на корупцијата како услов за ефикасна борба против неа и организираниот криминал, како и за потребата од дополнителни обуки за државните институции за подигање на свеста за детектирање на различни облици на корупција и организиран криминал.

Обучувачите им посочија на претставниците корисни извори на информации кои можат да се користат во нивната секојдневна работа, меѓу кои и последниот Извештај за проценка на корупцијата во Македонија, како и Регионалниот извештај за антикорупција: проценка на корупцијата и антикорупцијата во Југоисточна Европа. Учесниците посебно се интересираа за алатките за откривање на корупцијата и техниките кои се користеле во Бугарија и нивната применливост во Македонија. Меѓу најинтересните теми за нив беше и постапката за истрага на имотната состојба и имотните листови на државните функционери, како и компаративната анализа на законските решенија за сузбивање на корупција во државите од регионот. 

Обуката е дел од проектот „Борба против корупција и организиран криминал-Ад АКТА“ што го спроведува МЦМС во соработка со ЦИД од Бугарија. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Претставниците на јавната администрација се обучуваа за корупција и организиран криминал