Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони PDF Печати Е-пошта
Четврток, 20 ноември 2014 14:10

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), го промовираше извештајот Огледало на Владата: Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони. Оваа анализа се состои од два дела. Во првиот дел е оценета отвореноста на органите на државна управа во комуникацијата со јавноста, во поддршката на граѓанските организации и во отвореноста при подготовка на конкретни предлог закони. Резултатите од следењето на минимумот стандарди и запазувањето на временскиот рок за консултации за објавените предлог-закони на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) се предмет на анализа во вториот дел.

Uchestvo na javnosta vo procesite na podgotovka na zakoni 1

Извештајот констатира отсуство и опаѓање на проактивноста на органите на државна управа за комуникација со јавноста. Просечната оцена на комуникациската средина на институциите и степенот на отвореност е оценет со просечна оцена 3,19, која претставува намалување споредено со оцената во 2012 од 3,47.  Поддржувачката околина за учество на јавноста во подготовката на законите е незначително подобрена и таа сега е оцената со просечна оцена 3. за разлика од 2012 кога е оценета со 2,65. Позитивно е зголемувањето на вклученоста на граѓанскиот сектор при следење и оцена на спроведување на предлог-закони што се должи на поголемиот број министерства кои одговориле дека вклучуваат претставници на ГО во следење и оцена на спроведувањето на законите.

Што се однесува до процесите на подготовка на предлог-закони, забележано е минимално подобрување. Вкупната просечна оцена изнесува 3,1 во споредба со 2,6 во 2012 г. Забележано е и подобрување во начинот на споделување на информацијата за процесот на подготовка на предлог-законот. Комплетноста на содржината за информација на процесот на подготовка на предлог-законот е на слично ниво споредбено со 2012. Праксата на непрепознавање на експертизата на граѓанскиот сектор за подготовка на стручни текстови продолжува, а забележано е подобрување на почитувањето на временската рамка за консултации, иако главно станува збор за предлог-закони достапни по меѓусекторско усогласување. Вклучувањето на јавноста во текот на спроведувањето на консултации за конкретно избраните предлог-закони кои се следеле, бележи подобрување. Постапката од оцена 2 во 2012 г., оценета е со 3,2 во 2013/14. Повратниот одговор од министерството на предлозите и коментарите од граѓанскиот сектор станува почеста практика.

Uchestvo na javnosta vo procesite na podgotovka na zakoni 2

Министерството за труд и социјална политика е најдобро оценето, a оценка 4 добиле и Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за култура.

Во периодот на следење (1 октомври 2014 г. до 30 септември 2014) на ЕНЕР беа објавени вкупно 201 предлог-закон. Анализата констатира дека Министерствата не објавуваат голем дел од предлог-законите на ЕНЕР. Во периодот на известување има вкупно 381 закон кои влегле во собраниска постапка, а 201 биле објавени. Покрај тоа, следењето на консултативниот процес е отежнато со неажурирањето на податоците на ЕНЕР и недостапноста на записниците од седниците на Владата. Минималниот рок за консултации е половично почитуван, а министерствата најчесто ги објавуваат комплетните документи за консултации. Од друга страна, интересот на јавноста за коментирање на ЕНЕР е мал. Во периодот на следење се поставени само 28 коментари за 15 од вкупно 201 објавени предлог-закон. Министерствата во две третини од случаите не даваат повратен одговор на коментарите. Во истиот период министерствата дале само девет повратни одговори на вкупно 28 поставени коментари (32%).

Анализата е подготвена во рамките на проектот „Огледало на Владата: учество на јавноста во процесите на подготовка на закони“ како дел од Програмата на УСАИД за антикорупција. Проектот „Огледало на Владата“ за прв пат беше спроведен во 2012 година од страна на МЦМС.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони