Се подготвуваат стратешките приоритети на идната Платформа за борба против корупцијата - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Се подготвуваат стратешките приоритети на идната Платформа за борба против корупцијата PDF Печати Е-пошта
Вторник, 27 мај 2014 09:58

На 21 и 22 мај 2014 година, во х. Бистра во Маврово, МЦМС во соработка со  Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), организираше дводневна работилница за дефинирање на стратешките приоритети и методите на делување на Платформа на граѓански организации за борба против корупцијата.

se podgotvuvaat strateskite prioriteti na idnata Platforma za borba protiv korupcijata 1

На работилницата учествуваа 11 претставници од осум граѓански организации: МЦМС, АДИ, Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје, Транспарентност Македонија, Транспарентност нулта корупција, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД, Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и на Коалицијата „Сите за правично судење“.

Преку пленарни сесии и работа во групи учесниците го дефинираа контекстот и главните предизвици на Платформата. Беа утврдени неколку главни приоритети и активности, а беше разговарано и за методите на делување и улогата на самите граѓански организации во Платформата.

se podgotvuvaat strateskite prioriteti na idnata Platforma za borba protiv korupcijata 2

Работилницата е дел од Програмата на УСАИД за анти-корупција спроведувана од МЦМС во партнерство со Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (ИДСЦС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и Транспарентност Македонија (ТМ). Целта на програмата е зголемена информираност и знаење на граѓанските организации и граѓаните за барање отчетност од институциите како и придонес кон нивниот повисок интегритет.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Се подготвуваат стратешките приоритети на идната Платформа за борба против корупцијата