Се одржаа две обуки за не-дискрминација и еднаквост |
Понеделник, 25 ноември 2013 12:52 | |||
На 21 ноември во МЦМС во рамки на проектот „Од норма до пракса за еднаквост“ се одржа обука на тема „Застапување и комуникација со релевантните чинители во постапување по случаи на дискриминација“. Целта на обуката беше да се разгледа и дискутира моменталната состојба во Македонија како и европските искуства и практики на застапување и комуникација со релевантните институции, во постапување со случаи на дискриминација. Обуката ја следеа 11 учесници, преставници на државни институции граѓанските организации кои се запознаа со делот на улогата на релевантните државни институции во заштита од дискриминација, нивната внатрешна и меѓусебна комуникација во процесот постапување по случаи на дикриминација. Како и за моделите на соработка и идентификување на потенцијални точки за подобрување во рамки на оваа комуникација. Обучувачки на оваа обука беа Гордана Несторовска и Наташа Амдију. Претходно на 31 октомври за слична целна група во рамки на истиот проект се одржа и обуката на тема: „Прашањата и предизвиците поврзани со дискриминацијата на Ромите како ранлива група“. Обуката ја спроведоа Самет Скендери и Мухамед Точи. На оваа обука беа разгледани актуелните прашања и предизвици во однос на дискриминацијата на ромите, беа споделени информации за меѓународните и домашните норми и механизми за заштита на човекови права. Обуките се дел од активностите на проектот „Од норма до пракса за еднаквост“ кој го спроведува МЦМС во партнерство со Полио плус – движење против хендикеп, Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за заштита од дискриминација. Проектот финансиски е поддржан од програмата Прогрес (2007-2013) на Европската Унија.
|